Македонија

Вандализам во парк во скопски Аеродром

Неодамна беше обновен, а сега брутално уништен – pаркот „Бановина“

 

Наместо грижа и почит, сведочиме на несовесно однесување и уништување, наведуваат од општина Аеродром откако била искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа во паркот кој неодамна беше обновен.

Општина Аеродром најостро го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде што беше брутално уништена заедничката сопственост на сите граѓани. Искршена е урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа, дознава Скопје Инфо.

Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен, со нова, современа урбана опрема за уживање на сите генерации.

Додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција.

Општина Аеродром упатува апел до граѓаните: „да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница“.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top