Македонија

Вангелов за лагите за историјата: Бугарија е доведена во непријатна позиција пред светската публика

Но кога на јавна сцена ова се разоткрива, а Бугарија е доведена во непријатна позиција, тогаш се посегнува кон манипулација дека „историјата не е дел од процесот“

За Огнен Вангелов, доктор на политички науки, екс член на историската комисија со Бугарија и универзитетски професор е многу интересно и мора да се забележи што поранешниот бугарски премиер Денков изјавил дека „ние ја тргнавме историјата целосно надвор од сликата“ во 2022 година.

Според Вангелов ова Бугарија го кажува во момент кога Бугарија е доведена во непријатна позиција пред светска публика на Светскиот безбедносен форум во Прага.

,,Ако е така, тогаш Бугарија немаше постојано да нагласува, и во јавни изјави и во институционални документи, дека историјата е дел од процесот.

Токму пред два дена бугарското МНР ова категорично го потврди: „Протоколот е неразделен дел од македонската преговарачка рамка со ЕУ“, вели Вангелов.

Вангелов потсети дека лани бугарското Собрание донесе едногласна резолуција во која исто така категорично вели дека Протоколот е дел од македонската рамка со ЕУ а дека при усвојување на францускиот пакет во 2022, Собранието повторно тврдеше дека Протоколот е дел од рамката со ЕУ.

Според Вангелов точките 2 и 3 од „вториот протокол“ директно ја дискутираат Историската комисија како услов за напредок, нејзината работа да заврши до членството во ЕУ, архивите, недефинираниот „говор на омраза“ и други прашања поврзани со историјата.

,,Сите овие позиции се идентични, вклучително и последната објава на бугарското МНР. Дополнително, во резолуцијата од 2022 со која бугарското Собрание го прифати францускиот предлог се истакнува дека Бугарија не го признава македонскиот јазик во каков било документ на ЕУ.

Нема тука никакви мистификации. Денков многу добро знае што содржи „вториот протокол“. Но кога на јавна сцена ова се разоткрива, а Бугарија е доведена во непријатна позиција, тогаш се посегнува кон манипулација дека „историјата не е дел од процесот“. Ако навистина не е, тогаш зошто Вториот протокол е толку важен за Бугарија? Сигурно не поради првата точка која покрива технички прашања од економија, земјоделство, трговија, финансии, иновации, туризам итн., туку токму поради точките 2 и 3.

Точка 2 е целосно посветена на Историската комисија, а точка 3 на мерките што Македонија треба да ги презема во однос на уставните измени, „говорот на омраза“, „прашањето за историјата“, архивите, и особено важно — „Историската комисија да ја заврши својата работа до членството на Македонија во ЕУ“, вели Вангелов.

Според него нема никаква дилема дека за Бугарија историјата е апсолутно дел од процесот преку Вториот протокол, освен кога треба да се манипулира пред европската и светската јавност за да се избегнат критиките.

Вангелов го објави видеото од кавгата меѓу Брнабиќ и Денков

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и својот македонски јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

To top