Македонија

„Вечер“: Филипче и Заев и другите мафијаши во СДСМ соработуваат со балканската мафија, подготвени да ги исполнат бугарските услови, само да ги урнат владата и Мицкоски!

„На обичен набљудувач на политичките настани во Македонија се уште му е нејасно зошто и како сегашното раководство на СДСМ душмански ја растура сопствената партија. Дали е тоа за интерес на мафијата во партијата која се плаши од внатрешен преврат, или се работи за досега невиден аматеризам и политичка неписменост? Одговор на оваа дилема најверојатно е збир на двете варијанти.“ – нагласува весникот „Вечер“ во својата редакциска анализа со наслов „А каде е деновиве Филипче? Со Кавачкиот клан на средување на сметките, или на концерт на Харис?“

Натаму весникот пишува: Венко Филипче и дојденците во партијата од врвот на раководството како Андреј Жерновски и Фани Каранфиловска не се воопшто присутни во македонската политика. Тие се фокусирани на соработка со српската опозиција од каде добиват логистика и насоки и секој втор прес и соопоштение им е поврзано со напади врз српскиот претседател Александар Вучиќ, само патем поврзувајќи го него со сегашната македонска власт за да се добие пофалба од европските либерали од кои и граѓаните на ЕУ на избори се откажуваат и побара помош од нив за поддршка на СДСМ во соборување на владата на Христијан Мицкоски.


Единствената политичка понуда од СДСМ до европските либерали е: помогнете да ја собориме владата на Мицкоски и ние ќе ги исполниме бугарските услови. Но, тие услови не се прифатливи за Македонците и тука настанува судир и блокада на СДСМ. СДСМ одработува политики за трет на своја штета, без никакво позитивно влијание врз македонските прилики и животот на македонските граѓани. СДСМ издаде околу 200 пасоши, државен фалсификат, на меѓународни криминалци од Србија, Црна Гора и Косово со што Македонија стана покровител и заштитник на балканската мафија, а Заев и партиската мафија таа соработка со балканските дилери ја наплатија за себе преку издавање лиценци за плантажи со марихуана. Заев и Филипче видоа дека со мафијата од Црна Гора, Косово и Србија се заработува повеќе и ја одбраа таа страна. И умствено и политички тие им се поблиски. Таа мафијашка српска и балканска соработка со Заев и Филипче загуби на изборите. И во Македонија, а загуби и во Србија. За поразот во кланот на Заев и Филипче жалат и плачат и бараат виновници, бараат враќање на претходната состојба. Бараат смена на Мицкоски и Вучиќ и во тоа се поддржани од балканската мафија која во нив гледа дел од својот тим.

Дали е случајно што протестите на “студентите“ во Србија беа финансиски и оперативно поддржани од црногорскиот Кавачки клан, кој оперира низ Европа со македонските пасоши, издадени од Оливр Спасовски? Дали е случајно што лидерите на српската опозиција кои соработуваат со Кавачки клан се ментори на Венко Филипче и СДСМ за во Македонија да се создава амбиент како што го создаваа, неуспешно, десет месеци во Србија? На тие насилни протести во Србија, заедно со Кавачки клан, учествуваа и десетици од “невладиниот сектор“ на СДСМ. Беа на обука и практична настава. И требаат ли на Македонија слики и снимки на палења, тепања, пукања какви што десет месеци гледавме во Србија? Дали и за која цел таа српска опозиција и Кавачки клан регрутираа последниве година дена дваесеттина млади од Македонија за обука во Србија. Обука за насилни активности, бомбашки акции и пукање, при што едно од тие млади лица загина од бомба, две лица се во бегство по обид за атентат врз еден белградски адвокат и врз црногорски припадник на спротиставениот мафијашки клан. По извршената обука на тие млади до Макеоднија нивна задача е да се вратат и внесат насилен елемент во македонското општество и политика – за потреби на СДСМ, партнерот на мафијашките кланови. Тоа ли е “новата политика“ на СДСМ? Да – тоа е.

Таа “нова политика“ на Заев и Филипче наиде на отпор и во самата партија. Ниту еден угледен член на СДСМ не ја прифати. Сите кои дале барем изјава против таа “нова“ пробугарска и мафијашка “политика“ Филипче ги прогласи за предавници и, во недостаток на угледни имиња во партијата во раководството наметна страно тело: пропаднати лидери на партиските “невладини“ организации и шкартот од други партии како Андреј Жерновски.

Денес СДСМ – не е СДСМ. Политичката партија под тоа име не постои, наративот кој некогаш беше СДСМ е преселен и го има кај ЗНАМ. Според политички, интелектуален и стручен капацитет ЗНАМ е институција за “шареното“ друштво и мафијата која е влезена во СДСМ.

И Филипче не се ни труди да го сокрие тоа. Напротив. Тој со Заев тера лични бизниси и естрада. Од носител на златна бизнис виза од Арапските Емирати не се ни очекува политика. Нема ниту еден политички лидер во Европа, од Казахстан до Исланд, кој е носител на арапска златна бизнис виза а да го прифатила јавноста како сериозен политичар. И на Први Мај, денот на работниците, лидерот на начелно социјалната партија СДСМ замина на шопинг и забава. Уште во четврток, да ја избегне гужвата, во 14:52 одлета за Франкфурт, а каде понатаму – е небитно.
Битно е дека повторно не е тука, со гласачите. Очекувајте да видите нови слики на Филипче во скапи хотели, јахти, уште поскап шопинг или турбо забава. Ќе следат нови партиски соопштенија, клевети, следат “стручни“ анализи на извесен анонимус Кузевска и пропаднатиот политички дојденец Андреј Жерновски како во Македонија нема демократија и мора итно да се прифати бугарското вето, а тоа го можат само тие – заклучува „Вечер“ во својата анализа.

Најнови вести од: Македонија

Денес се одбележува 82 години од Ваташкиот масакр: „Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!“

На денешен ден, 16 јуни 1943 година, бугарскиот фашистички окупатор изврши еден од најтешките злочин во Македонија за време на Втората светска војна – Ваташкиот масакр.

СП: Путин му бил херој на пироманот кој запали возила пред бугарска амбасада!?

Засега мотивот за инцидентот не е поврзан со Бугарија, туку сторителот наводно се изнервирал зашто на некоја телевизиска репортажа видел дека возилата се паркирани непрописно, фатил автобус од Драчево, дошол во Центар и ги запалил возилата

To top