Македонија

Вечерва пак прскање против комарци во Скопје

До крајот на сезоната ќе бидат извршени повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со цел континуирано намалување на нивната бројност и заштита на здравјето на граѓаните.

На подрачјето на градот Скопје вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман.

Активностите ќе продолжат и во наредните денови, информираат надлежните.

На 20. август,  четврток, е предвидена теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21. август во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција, додека од 23. до 26. август ќе се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Од Град Скопје информираат дека сите активности се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје и одобрен од здравствените власти.

Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци, меѓу кои и авионски и теренски дезинсекции.

Според најавата, до крајот на сезоната ќе бидат извршени повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со цел континуирано намалување на нивната бројност и заштита на здравјето на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top