Македонија

Вечерва се очекуваат деталите за реконструкцијата на Владата

Мицкоски: Со „Вреди“ и ЗНАМ постои договор за ресорите

По седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва околу 20 часот се очекува да бидат објавени промените што произлегуваат од реконструкцијата на Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ постои принципиелен договор за распределба на ресорите, но дека конечните персонални решенија ќе бидат соопштени по партиската седница.

Тој истакна дека досега се разговарало само за начелна поделба на министерствата, а не за конкретни имиња. Мицкоски најави дека реконструкцијата на Владата, заедно со ребалансот на буџетот и евентуални реформски закони, треба да се реализира во текот на овој месец. Собранието во август ќе оди на летен одмор, по што активностите ќе продолжат во септември.

Според информации од коалициските партнери, „Вреди“ треба да раководи со повеќе министерства, меѓу кои за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците. Од ЗНАМ најавуваат дека ќе добијат две министерства.

Познато е дека Арбен Фетаи, досегашен вицепремиер за добро владеење, нема да биде дел од новиот владин состав. Се најавуваат и можни промени во дел од министерските позиции, но официјална потврда за имињата сè уште нема.

Реконструкцијата, според премиерот Мицкоски, не се прави само поради досегашните резултати, туку и поради промена на приоритетите. По објавата на предлог-составот, истиот ќе биде доставен до Собранието, по што следува собраниска процедура за избор на новата Влада.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top