Македонија

„Вечна слава, претседателе, идеалите твои се заклетви мои“ – Јане Ченто на гробот на прадедото Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Македонија

По повод 69 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Јане Ченто објави порака во негова чест, оддавајќи му почит за неговата улога во македонската историја. „Вечна слава, претседателе, твоите идеали се мои заклетви“, напиша тој. На 24 јули 1957 година во Прилеп почина Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.

Правнукот Јане сподели на општествената мрежа и дел од сведоштвото на Методија Андонов – Ченто за страдањата, што ги преживеал поради своите политички убедувања.

„Загубив сѐ, материјално пропаднав, мојата политичка кариера ја започнав како чорбаџија, а ја завршив како слеп сиромав. Децата се веќе 10 години без моја помош и лишени од помошта на заедницата поради мене. Му наредив на синот да прекине со студиите од економски причини. Жената ја упропастив наполно и таа се разболе. Изгубив 9 години личен живот, истргав најмизерни понижувања, осуден сум за тоа што не сум го сторил, од глад сум паѓал во несвест, сум издржал 9 години казна, ќе излезам поголем злосторник од германските гестаповци, кои го запалија целиот свет. Од сето тоа ми остана човечкото достоинство,и тоа сакаат да ми го земат.

Јас не жалам оти ќе умрам,само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на Македонскиот народ треба да ги одбележи,не затоа што јас сум учествувал во тие настани,треба да знаат како се одвиваала борбата за нашата слобода и да знаат кој и зошто гинел и кој што направил за негоовата слобода.“ – ова е сведоштвото на Методија, кое го преобјави Јане Ченто.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top