Јане Ченто повлекува паралела со односот на Бугарија кон бегалката Ива Михаилова и на Македонија кон него и другите осудени и затворени за настаните од 27 април 2017 година.
„Погледнете како Бугарија постапува со девојката која ја напушти Македонија нелегално, иако против неа се води кривична постапка. Се зборува за нејзините права, заштита, безбедност и достоинство.
А сега погледнете што доживеавме ние во сопствената држава!
Осум години неправда, притвори, затвори, понижувања, малтретирања и одземени години од нашите животи!
Каде беше тогаш државата да се грижи за нашите права? Каде беа институциите да го заштитат нашето достоинство? Кој се запраша за нашите деца, родители?
Не бараме сожалување. Не бараме привилегии.
Бараме одговорност за се што преживеавме.
Зашто најголемата неправда не е само кога државата ќе ти ја одземе слободата, туку кога ќе ти одземе осум години од животот, а потоа ќе се однесува како ништо да не се случило!
Изгубените години никој не може да ни ги врати, но одговорноста за нив не смее да се избрише!
Тоа е суштината и тоа е мојата борба за правда.
Некои од институциите се однесуваат како никогаш ништо да не случило кон нас и тоа е срамота, а најголемата неправда сме ја доживеала.
#Наскоро #ВистинатаИмаЗначење“, напиша на Фејсбук правнукот на првиот претседател на Македонија по ослободувањето.