Македонија

Велковски: Проектите на Еразмус+ беа за обука на ученици, а не за тренирање магариња

Целта на проектот била учениците да се стекнат со вештини со кои ќе бидат подобро подготвени за професионалниот свет

По обвинувањето од ВМРО-ДПМНЕ дека 205 илјади евра од Еразмус+ биле наменети за тренирање магариња, реагираше Горан Велковски, поранешен директор на кавадаречко училиште СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци и брат пратеникот од СДСМ од претходниот состав на Собранието Диме Велковски.

Тој во објава на Фејсбук објаснува дека проектите од програмата на Еразмус+ беа за обука на ученици, а не за тренирање на магариња.

Во објавата тој пишува:

„Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, во рамки на ‘Еразмус+’ програмата, го одобри за финансирање проектот на СОЗШУ ‘Ѓорче Петров’ кој вклучува практична обука на 35 ученици и 5 наставници, во времетраење од две недели во Иваниќ Град, Република Хрватска. СОЗШУ „Ѓорче Петров“ поседува винарска визба, шуми и полиња на кои се одгледуваат различни култури и реализира голем дел од практичната обука на сопствениот имот.

Но, училиштето нема фарма за животни каде може да ги реализира практичните часови за сточарство. Затоа, училиштето во рамките на долгорочната стратегија за интернационализација на образованието, предложи проект кој вклучува обука за копитари, пред сѐ за коњи и магариња“, напиша Велковски.

Според него, целта на проектот била учениците да се стекнат со вештини со кои ќе бидат подобро подготвени за професионалниот свет и ќе се подобри нивната вработливост по завршувањето на средното образование.

„Проектот, меѓу останатото е дизајниран и да ги воведе и мотивира учениците да започнат сопствен бизнис. Обуката за копитари се спроведе на фарми за магариња и коњи лоцирани во Иваниќ Град, Хрватска и ќе биде структурирана во четири модули“, објаснува Велковски и додава дека дел од проектот „Избери сирење“ вклучувал теоретска и практична обука за ученици и наставници од сите партнерски организации (апликанти) за производство повеќе видови сирење“ се вели во објавата..

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top