Македонија

Вест важна за македонската евроинтеграција: Пет земји членки на ЕУ предлагаат „систематска“ постепена интеграција на Западниот Балкан во единствениот пазар!

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во нон-пејперот, потпишан од Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија, се наведува дека постепената интеграција по сектори, „како меѓучекор кон целосната европска интеграција“, треба да се спроведува кога кандидатот ќе покаже високо ниво на усогласеност со правните текови на ЕУ во релевантниот сектор и кредибилна примена на владеењето на правото. Документот предвидува и заштитни мерки во случај на назадување на земјата која добила пристап до пазарот.

Укажувајќи на заморот од реформи кај кандидатите, во документот објавен од медиумот „table.media“ се оценува дека пристапот до единствениот европски пазар, доколку е потребно и чекор по чекор, претставува силен поттик што ги мотивира граѓаните и политичките лидери да спроведат неповратни реформи.

Во рамките на четирите слободи на внатрешниот пазар, оваа системска секторска интеграција би можела да ги опфати областите како што се целосната примена на зелените коридори, забрзаната интеграција во енергетскиот пазар и пазарот на електрична енергија, како и интеграцијата во единствениот дигитален пазар. Се споменуваат и секторите за транспорт и логистика, политиките за критични суровини, како и овозможувањето на мобилност за младите.

Документот беше претставен од министерката за надворешни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, на минатонеделниот состанок на министрите за надворешни работи на групата „Пријатели на Западен Балкан“ и западнобалканската шесторка во Братислава. Шефицата на австриската дипломатија порача дека целта останува полноправно членство, но дека проширувањето треба да се спроведува во фази, со примена на принципот на квалификувано мнозинство при одлучувањето за меѓучекорите.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top