Македонија

Вицепремиерот Николоски најавува изготвување нов просторен план на Македонија, заради идното обликување на инфраструктурата и развојот

„Изработката на новиот просторен план на Република Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата, што ќе овозможи корист за целокупното општество. Планот го изработува Агенцијата за просторно планирање во соработка со надлежни институции. Тој треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија.“ – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денес на настанот, организиран по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Агенцијата за просторно планирање има централна улога во обликување на идниот развој на државата. „„Би сакал да ја нагласам важноста на новиот просторен план од следните причини: Македонија како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа има геостратегиска важност, која произлегува од положбата на коридорите Исток–Запад и Север–Југ, односноа Коридорите 8, 10 и 10 – д. Тука е и близината на јужните пристаништа и улогата како транзитна земја за транспорт, енергија и трговија.“ – рече Николоски.

Тој посочи дека е важно Македонија енергетски да се поврзува. Во овие рамки изградбата на интерконекторот, кој нѐ поврзува со Грција, и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска крстосница.

Засилено се работи на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. „Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли, особено јазолот со вкрстувањето на коридорот 10 со коридорот 8, подобрување на меѓуграничната поврзаност и др. Затоа треба да постои добра соработка со сите институции на изработка на тој документ, со кој ќе се следи развојот на државата.” – напомна Николоски.

Тој укажа на институционалното партнерство со Министерството за транспорт во спроведувањето на стратегиските политики на Владата. Најави дека тоа министерството работи на изработка на софтвер за развој и управување со геопросторни податоци.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

(Фото): Европските даночни советници доаѓаат во Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

To top