Македонија

(ВИДЕО) Да бидам убиен со оружјето што го целивам ако ја предадам Македонија – Илинденската коњаница даде заклетва во Бигорски

Коњаниците во Бигорскиот Манастир беа дочекани со молитва од свештениците и со аплауз од насобраниот народ

Да бидам убиен со оружјето што го целивам ако ја предадам Македонија, ова е дел од заклетвата на Илинденски коњаници кои во петокот тргнаа од Скопје а денеска во Бигорскиот Манастир беа дочекани со молитва од свештениците и со аплауз од насобраниот народ.

 

Коњаниците од Здружената коњаница ,, Бигорски Манастир – Патот на Патот на Црешовото Топче“ кои се симбол на оддавање почит кон илинденските идеали, на Илинденскиот марш тргнаа во петок во 18:30 часот со традиционалниот хепенинг во паркот во Ѓорче Петров.

Традиционално за Илинден од повеќе градови на Македонија кон Мечкин Камен тргнуваат коњаници како што тоа го правеле нивните претци пред 122 години.

Денеска по стотина километри минати низ скопско, полошко и многу планински патеки оваа дружина беше пречекана со молитва во македонското духовно светилиште црквата Свети Јован Бигорски по што во дворот дадоа заклетва дека нема да ја предадат Македонија и ќе ги следат идеалите на организацијата.

 

 

Учесниците во оваа илинденска иницијатива започната во 2010 година се ентузијасти и поддржувачи на македонското револуционерното минато.

Оваа коњаница е составена од претставници од Гостиварско, Скопско, „Илинден“ од село Радово – Струмица, „Костурска чета“ – Битола, како и коњаници од Крушевско, Демир Хисарско, Кавадаречко, Кичевско и Штипско. Секој од нив го дава својот придонес во одржувањето на сеќавањето на Илинденското востание и борбата за слобода на Македонија.

 

Коњаниците денеска продолжија кон селото Јанче ….

 

 

Меѓу тие што дадоа заклетва има и двајца коњаници од селата Стенче и Тумчевиште кои оваа заклетва  во Бигорскиот Манастир ќе ја помнат вечно.

 

Продолжува

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top