Македонија

(Видео): Има индиции дека постои сериозна злоупотреба со проценките на данок на имот во Град Скопје

Во однос на 500-тината вработени на кои им го прекина работниот однос првиот ден како градоначалник, Ѓорѓиевски рече дека тоа граѓаните ги чинело годишно околу пет милиони евра што значи дека „губеле по два Луна парка во еден градоначалнички мандат“ со оглед дека новиот Луна парк, за кој тендерот ќе биде распишан до петок како што претходно најави, ќе чини околу 10 милиони евра.

Има одредени индиции дека постои сериозна злоупотреба со проценките на данок на имот во Град Скопје, изјави градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека стручни служби веќе се влезени и испитуваат како на пример, одредени објекти наместо да плаќаат за површина од 20 илјади квадрати, плаќаат данок на имот само за 500 квадрати површина.

Ѓорѓиевски, во гостувањето во дневникот на Сител, изјави дека веќе имале неколку последователни состаноци со Управата за финансиска полиција, нагласувајќи дека „сериозно се занимаваат и со јавните претпријатија и состојбите таму, но и со состојбите во Градот Скопје“, изразувајќи надеж дека во наредниот период конечно ќе има исход од сите тие постапки коишто во минатото нанеле сериозни штети на јавните претпријатија и Градот Скопје.

  • Проценките на данок на имот, има одредени индиции кај нас, да не бидам попрецизен и кажам дека имам сигурни информации. Има стручни служби и веќе се влезени да го испитуваат тоа, на пример, како на одредени објекти наместо да плаќаат за површина од 20 илјади квадрати во Градот Скопје, на некого му текнало во секторот, можеби насочен од некој друг, да се плаќаат само за 500 квадрати површина данок на имот. Тоа е сериозна злоупотреба и на крајот на денот сметката за тоа ја плаќаме сите ние, граѓаните, изјави Ѓорѓиевски.

Има, нагласи Ѓорѓиевски, многу ниска наплата на данок на имот и најави дека од наредната година започнуваат со проект за нова репроценка на данокот на имот.

  • По она што го имаме како првична информација околу 40 милиони евра на годишно ниво се загубите, што се енормни загуби на ниво на Град Скопје, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски, исто така, рече дека денска имал средба и со стопанствениците на ресторани и кафеани во Градот Скопје и дека над 95 проценти од сопствениците на локали пет години наназад не им биле регулирани односите за користење на локалите.

  • Едноставно, системот не функционирал. Затоа недостасуваат и средства во буџетот, затоа е состојбата алармантна не само со јавните претпријатија, туку и со Градот Скопје во однос на финансиите, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски, меѓу другото, изрази убеденост дека може градот да го исправат на здрави нозе и нагласи дека не работи сам и оти има сериозно добар тим, што е зад него и помага.

Во однос на 500-тината вработени на кои им го прекина работниот однос првиот ден како градоначалник, Ѓорѓиевски рече дека тоа граѓаните ги чинело годишно околу пет милиони евра што значи дека „губеле по два Луна парка во еден градоначалнички мандат“ со оглед дека новиот Луна парк, за кој тендерот ќе биде распишан до петок како што претходно најави, ќе чини околу 10 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top