Македонија

Државата остана без 9,5 милиони евра од ИПА фодновите

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против странски државјанин и правно лице поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проект за канализациска мрежа во Кичево. Поради раскинувањето на договорот, државата останала без 9,47 милиони евра од ИПА-фондовите.

Речиси 9,5 милиони евра европски средства се изгубени поради неправилности во реализацијата на проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, соопшти Управата за финансиска полиција. Поради случајот, до Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против странски државјанин со иницијали С.Г.О.Б., во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице.

Според Финансиската полиција, постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Истрагата покажала дека пријавениот бил должен да обезбеди важечка банкарска гаранција за проектот што се реализирал во рамки на ИПА II програмата на Европската Унија. Според наводите на Финансиската полиција, тој не ја открил околноста дека азербејџанската банка „Муганбанк“, која ја издала гаранцијата, влегла во стечај, со што гаранцијата повеќе не била валидна.

Истовремено, како што се наведува во пријавата, биле ангажирани подизведувачи без претходно одобрение од Министерството за финансии и надзорниот орган, спротивно на договорните обврски. Поради утврдените неправилности, договорот бил раскинат. Од Финансиската полиција велат дека со ваквите постапки била предизвикана штета на Буџетот на државата од 127,4 милиони денари.

Дополнително, Македонија останала без 9.474.132 евра од ИПА-фондовите на Европската Унија. Тоа значи дека средствата што биле предвидени преку европската програма сега ќе треба да се обезбедуваат од домашни извори. Случајот е доставен до Обвинителството, кое треба да утврди дали ќе поведе понатамошна постапка против пријавените.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top