Македонија Бизнис

(Видео): Македонија се гради со план, со јасна визија и многу работа, рече премиерот

Со полна пареа се работи во Македонија, како никогаш до сега. Во моментов паралелно се градат неколку клучни патни правци, автопатот Кичево-Охрид силно се забрзува, делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани-Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во западна Македонија и тука […]

Со полна пареа се работи во Македонија, како никогаш до сега. Во моментов паралелно се градат неколку клучни патни правци, автопатот Кичево-Охрид силно се забрзува, делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани-Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во западна Македонија и тука не застануваме, посочи премиерот.

„Испраќаме силна и јасна порака- Македонија се гради“. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираниот патен правец Охрид-Свети Наум.

  • Го пуштаме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум, пат кој беше заборавен. Пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите и сега конечно го добиваме. Со инвестиција од 11,7 милиони евра реконструирани се 24,3 километри современ магистрален пат. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување на нова сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше, посочи Мицкоски.

Премиерот истакна дека направени се и заштитни интервенции на ризичните косини, со една цел – безбедност, сигурност и долготрајност.

  • Ова денес не е само пуштање на пат, ова е уште една потврда за определбата на Владата да се гради без многу врева, без партиски и бизнис спектакли, со план, со јасна визија и многу работа. Во моментов паралелно се градат неколку клучни патни правци, автопатот Кичево-Охрид силно се забрзува, делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани-Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во западна Македонија и тука не застануваме, посочи премиерот.

Инфраструктурата, посочи премиерот, не е трошок, таа е инвестиција во иднината на државата.

  • Инфраструктурата ги отвора вратите за туризам, за економија, за регионално поврзување, за работни места, за живот со достоинство. Кога сме кај туризмот, во оваа година април месец е вонредно успешен со повеќе од 20 % поголем број на странски туристи споредбено со лани, а истото и во првите месеци од годината споредени со првите месеци од минатата година. Овој пат кој денес го пуштаме нè поврзува со еден од најголемите духовни и туристички комплекси на Балканот, Свети Наум. Тој е и дел од регионалната врска со Република Албанија. Охрид, градот под заштита на УНЕСКО, полека, но сигурно, го добива ликот на посакувана и пристапна европска дестинација. Го поврзавме со светот преку нови авио линии, преку Истанбул, Меминген, Виена, Белград. Денес, преку обновени патишта, овозможуваме да дише слободно и да се развива како што му прилега. Ова не е политика на ветувања, туку политика на испорака.  Граѓаните гледаат резултати- не нацртани проекти, туку изведени, пуштени и функционални. Татковината се гради таму каде што, за жал пред нас беше пустош, застој и многу корупција. Додека некои зборуваа, ветуваа, ние изградивме патишта, проекти, доверба. Ние не пуштаме само пат – пуштаме патека кон иднината, рече премиерот.

Мицкоски порача дека ова е Македонија која се движи напред. Тивко, упорно и со резултати.

  • Татковина која ја градиме со труд, чесност и одговорност. И тоа го правиме за секој човек, за секое дете, за секој граѓанин. Охрид заслужува. Македонија заслужува. А ние сме тука- да го изградиме тоа што долго беше запоставено. Со работа. Ќе повторам, без многу галама. Без бучава. Без привилегирани. Со срце и визија, порача тој.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top