Македонија

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Во моментов Македонија има најниски цени на горивата и најниска инфлација од земјите во регионот, поради што нема потреба од прогласување кризна состојба, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според премиерот, факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според него, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече премиерот Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

  • „Особено на бензинските пумпи во пограничните општини се создава притисок од соседството, бидејќи голем број од граѓаните од земјите од соседството доаѓаат да точат гориво, дизел-гориво посебно, и затоа се случува на некои бензински пумпи побргу од тоа што е очекувано да снема гориво, но тоа брзо се надоместува. Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен, и нема прекини во снабдувањето“, кажа премиерот.

Аргументирајќи ги ваквите наводи, Мицкоски даде и преглед на цените на горивата кај нас, по вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, споредувајќи ги со оние во земјите од соседството.

  • „Ако е кај нас, по нивелирањето на цената вчера од страна на Регулаторната комисија за енергетика, дизел-горивото 1,39 евроценти, да речеме, во соседна Албанија е 1,79 евроценти за литар, односно околу триесетина проценти поскапо, и логично е да имаме притисок во западниот дел од државата. Исто така да речеме во Србија е 1,73 евроценти, што е отприлика некаде околу 25 проценти поскапо од тоа што е во Македонија. Во Косово цената варира, но достига до 1,52-1,53 евроценти за литар, што е некаде за 10 проценти повеќе, во Грција е 1,59 евроценти, што е некаде 15 проценти повеќе, во Бугарија е 1,41 евроценти. Така што во моментов граѓаните во Македонија имаат најниска цена на дизел-горивото, а слична е цената и со бензинот 95 октани и 98 октани“, рече Мицкоски.

Тој рече дека очекуваат притисок и во периодот што следува, но увери дека во државата има доволно количини на нафта, се разговара со дистрибутерите и компаниите снабдувачи и во моментов нема опасност од каков било недостаток. Како добра вест премиерот го оцени тоа што утринава цените на „брентот“ и на другите нафтени производи на светските берзи е во опаѓање.

  • „Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долари за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде деведесетина долари за барел. Така што ја следиме целата состојба многу внимателно и во зависност од развојот на настаните, така и ќе реагираме“, кажа тој.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top