Македонија Бизнис

(Видео): Откако се намали бројот на сточари, оди ли македонското земјоделство во добра насока?!

Си ја сечеме ли гранката на којашто седиме, или ќе има застанување на здрави нозе, кога е во прашање земјоделството во Македонија, кое се помалку има млад кадар, односно млади земјоделци кои сакаат на работат на нива. Бележиме сериозен раст во делот на споредбата со првиот квартал за 2024 и првиот квартал за 2025 година. […]

Си ја сечеме ли гранката на којашто седиме, или ќе има застанување на здрави нозе, кога е во прашање земјоделството во Македонија, кое се помалку има млад кадар, односно млади земјоделци кои сакаат на работат на нива. Бележиме сериозен раст во делот на споредбата со првиот квартал за 2024 и првиот квартал за 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика во сите сегменти на земјоделското производство имаме сериозен раст во делот на откупот и продажбата, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

  • „Во делот на житата имаме раст од 42%, во делот на градинарското производство имаме 50%, овоштарство и лозарство 12%. Во делот на сточарството, добиток, живина, јајца, млеко и млечни производи бележиме раст од 9 до максимални 63%“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека кај категоријата индустриски растенија, Државниот завод за статистика извади негативна референца бидејќи во ланскиот прв квартал беше спроведен откупот на тутун од реколтата 2023-тата година, за потсетување доцнеше откупот. Додека пак оваа година најголемата количина на тутун се откупи во последниот квартал од 2024 година и тука настанува таа разлика. Инаку кога веќе се говори за тутунот, де факто бројките говорат дека и тука има рекорди во делот на пласманот и девизниот прилив, се откупија над 24 милиони килограми, со што над 196 милиони евра се влезени кај тутунарите.

  • „Денеска премиерот сподели една добра вест, а тоа е дека имаме раст приближно од 5% во делот на извозот, тоа е вкупниот раст во делот на земјоделскиот – прехранбен сектор. Ако ги издвоиме во делот на овошје и зеленчук тогаш тука имаме раст од 14% во споредба со минатиот квартал. Ако го земеме тутунот, тука имаме раст од 35%. Или поточно во бројки, ако во првиот квартал во 2024 година извозот изнесувал 152 милиони евра, оваа година тој извоз изнесува 163 милиони евра. Значи имаме раст од 11 милиони евра“, заклучи министерот.

Тој посочи дека ова се бројки за првиот квартал. Министерот очекува до крајот на годината да има од 45 до 50 милиони евра разлика во позитива во однос на минатата година.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците. „Како Директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за […]

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Крива Паланка бара државна помош: Општината нема капацитет сама да се справи со кравите

Општинскиот кризен штаб алармира дека над 1.000 грла добиток се движат низ центарот и уништуваат имоти, по што градоначалникот Сашко Митовски побара итна владина интервенција

Најнови вести

To top