Македонија

(Видео) Песни за Филип и Александар Македонски на прослава во Овчарани предизвикаа реакција во Грција

Грците поднеле пријава до Обвинителството

Screenshot

Група грчки граѓани поднеле видеоматеријал до Обвинителството во Лерин од прослава во Овчарани (Мелити на грчки), на која се пееле песни на македонски јазик со стихови посветени на Филип и Александар Македонски.

Како што пренесуваат грчки медиуми, пријавителите сметаат дека содржината на песните претставува провокација и бараат надлежните институции да утврдат дали постои кривична или друга одговорност кај лицата што се појавуваат на видеото.

Во материјалот, според грчките медиуми, се слуша песна на словенски јазик во која се споменуваат Филип и Александар Македонски, а завршува со порака упатена кон Грците дека „грешат“ и дека треба да престанат со „лагите“.

Пријавителите содржината ја оценуваат како националистичка и како дел од современиот „македонско-словенски“ наратив, тврдејќи дека со стиховите се оспорува грчкото толкување на античката македонска историја.

Во нивната интерпретација, песната го претставува Филип Втори како македонски крал кој ја предводел македонската војска против Атина, додека Александар Македонски е претставен како Македонец, а не како грчки крал.

Случајот повторно го отвора прашањето за положбата на македонското национално малцинство во Грција и за остварувањето на правата поврзани со националната припадност, јазикот и образованието. Критичарите на ваквиот пристап сметаат дека активностите на Македонците во Грција пречесто се толкуваат низ призмата на иредентизмот, наместо како прашање на основни човекови и малцински права.

Засега нема информации за конкретни мерки преземени од Обвинителството во Лерин по поднесениот материјал.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top