Македонија Бизнис

(Видео): Повратот на ДДВ кон етаблираните компании оди без застој, вели министерката за финансии

Нема доцнење во процесот на поврат на ДДВ кон компаниите и нема застој на она што доаѓа во МФ за исплата. Кај оние компании кои се добро етаблирани, немале никакви злоупотреби исплатата оди како што е предвидено, но имаме проблем со другите компании“, рече министерката. Се прават дополнителни анализи само кај компании за кои системот […]

Нема доцнење во процесот на поврат на ДДВ кон компаниите и нема застој на она што доаѓа во МФ за исплата. Кај оние компании кои се добро етаблирани, немале никакви злоупотреби исплатата оди како што е предвидено, но имаме проблем со другите компании“, рече министерката. Се прават дополнителни анализи само кај компании за кои системот укажува дека има ризици. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во 360 Степени.

  • „Нема доцнење во процесот на поврат на ДДВ кон компаниите и нема застој на она што доаѓа во МФ за исплата. Кај оние компании кои се добро етаблирани, немале никакви злоупотреби исплатата оди како што е предвидено, но имаме проблем со другите компании“, рече министерката.

Таа потенцира дека со поддршка на Меѓународниот монетерен фонд и Трезорот на САД во Управата за јавни приходи се изговени одредени индикатори кои сигнализираат дали компанијата има одредени проблеми, односно дали може да е ризична, нешто што претходно не се работело. За тие компании, како што додаде, за кои системот аралрмира одреден ризик се прават дополнителни проверки.

Посочи дека во овој дел биле констатирани многу злоупотреби и дека е направена заштита на системот со многу милиони евра од залоупотреби. Во моментов, како што посочи, има истражни дејствја за шест компании кои се поврзани со многу сериозни системи на злоупотреба на поврат на ДДВ.

Целата емисија на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска емитувана на МРТ1.

https://play.mrt.com.mk/play/584889

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top