Македонија

(Видео): Премиерот вели дека ќе се разговара со дистрибутерот за продолжување на попустот на горивата

Со ОКТА ќе разговараме оваа недела, сè уште не сме ја отвориле темата, но ќе разговараме оваа недела, ќе разговараме и со министерката за енергетика и, се разбира, во рамките на можностите ќе направиме сè да продолжи тој попуст, рече премиерот.

Од Владата потврдија дека дизелот поевтини за два до два и пол денари, додека кај бензините да има мало зголемување, но како што додаде премиерот, кај нив ДДВ е сè уште 10 проценти и така ќе остане до крајот на неделата. Мицкоски ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе го врати ДДВ за дизелот од 18 повторно на 10 отсто и дали претходната одлука била преуранета бидејќи цените на горивата бележат зголемување, на што тој кажа дека не мисли оти одлуката била преуранета и дека според Македонија како држава два месеци е пример „за начинот на кој се справуваме со енергетската криза“, за која рече дека е увезена поради геополитичките случувања.

Во тој контекст, тој го повтори ставот дека Македонија е една од ретките држави која со преземањето на, како што кажа, ваква робусна мерка, на намалување на ДДВ за горивата, успеала да ги задржи цените на горивата на пристојно ниво.

  • „Според нашите калкулации, јас очекувам дека денеска дизелот повторно ќе поевтини отприлика за два до два и пол денари, бидејќи минатата недела просекот беше таков италијанската берза што е репер за нас. Кон крајот на неделата ќе ги правиме математиките и ќе носиме одлуки како понатаму. До крајот на април останува и договорот со ОКТА, така што апсолутно како влада во овие два месеци се бориме жилаво и успеавме да не дозволиме како многу пати во минатото да бидеме на дното, туку да бидеме на врвот според процентот на мерки од нашиот бруто-домашен производ, а од друга страна да немаме ценовни шокови и инфлации со двоцифрени проценти, како што тоа впрочем беше во 2022 година“, изјави Мицкоски.

Во однос на прашањето дали ќе биде продолжен договорот со ОКТА, со кој нафтената компанија им дава попуст на големопродажните и малопродажните трговци, и во текот на мај, бидејќи според анализите на „Голдман сакс“ нормализирањето на снабдувањето со сурова нафта наместо во средината на мај се очекува во јуни, премиерот Мицкоски рече дека со ОКТА ќе разговараат во текот на оваа недела.

  • „Со ОКТА ќе разговараме оваа недела, сè уште не сме ја отвориле темата, но ќе разговараме оваа недела, ќе разговараме и со министерката за енергетика и се разбира во рамките на можностите ќе направиме сè да продолжи тој попуст“, изјави Мицкоски.

Претходно, одговарајќи на прашањето, рече дека земјава нема проблеми со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, за разлика од некои други земји. Рече и дека сè уште има притисок од граѓани на соседни држави кои доаѓаат да ги полнат резервоарите на безнинските пумпи во земјава, но и покрај тоа засега не се размислува за воведување некакви забрани за извоз, односно реекспорт на нафта и нафтени деривати.

  • „Сè уште со керозин снабдуваме некои од регионалните аеродроми и не размислуваме како влада да воведеме забрана за извоз или реекспорт на нафта и нафтени деривати и не размислуваме како влада да ги ограничиме нашите бензински пумпи да точат гориво само на автомобили и друг тип на патнички возила со македонски регистарски таблички, напротив, сакаме да покажеме и солидарност кон регионот, но и да покажеме дека Македонија е фактор на стабилност во регионот“, рече Мицкоски.

Премиерот ги прокоментира и анализите на „Голдман Сакс“ и на „Фајненшл тајмс“, за кои рече дека тие во голема мера се потпираат на голем број шпекулации, полуинформации, а некогаш и дезинформации бидејќи, како што наведе, само неколку луѓе имаат информации дали и за колку време ќе заврши кризата.

  • „Во моментот, она што јас можам да го кажам е дека никој нема правилна информација, освен можеби неколкумина во светот, и тие неколкумина во светот практично одлучуваат дали крај на оваа криза ќе и стават денес, за еден месец, за една година или оваа криза ќе остане да функционира по инерција. Така што убави се овие анализи, тие анализи ги гледаме, ги следиме внимателно, лично ги следам, но повторно ќе кажам иднината на светот е во рацете на неколкумина луѓе кои може да стават крај денес, следната недела, следниот месец или следната година“, кажа премиерот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top