Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

По повод прославата на 90-годишнината Алкалоид АД објави промотивно видео кое преку топла и носталгична семејна приказна зборува за спомените, грижата и довербата што се пренесуваат низ децениите.

Видеото е снимено во соработка со More Magnets d.o.o., продукциската куќа на Филип Филковиќ-Филац од Хрватска, чии видеа стекнаа голема популарност на социјалните медиуми во регионот.

Од таа соработка се изнедри и оригиналната емотивна приказна што ги поврзува минатото и сегашноста на Алкалоид.

  • Времињата се менуваат. Растеме, создаваме свои семејства, градиме нови спомени. Но некои нешта остануваат – малите гестови на грижа, блискоста и довербата што ја пренесуваме понатаму. Токму од тие мали моменти се создаваат приказните што траат – велат од Алкалоид најавувајќи ја прославата на големиот јубилеј – 90 години.

Видеото ја нагласува врската помеѓу минатото и сегашноста, покажувајќи дека иако времињата се менуваат, суштинските вредности остануваат исти. Приказната се фокусира на семејните моменти, блискоста и меѓусебната поддршка кои се пренесуваат од колено на колено. Како бренд кој трае скоро еден век, Алкалоид се позиционира како незаменлив дел од секојдневието и здравјето на многу генерации.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Мојот идентитет не е создаден од Југославија!

„Идентитетот го опфаќа името на државата и мојот јазик; тој е наследство од моите предци, моето културно наследство и богатата македонска историја – како и од оние предци кои со својата крв го платија животот што го живееме денес, вели премиерот

To top