Македонија

Видео:Робот полицаец патролира низ кинеските градови

„Интелигентна полициска единица Р001“

Хуманоиден робот-полициски сообраќаец почна да патролира на улиците во градот Вуху, на истокот на Кина. Опремен со униформа, флуоресцентен елек, бела капа и значка „Интелигентна полициска единица Р001“, роботот може гласовно да ги предупреди велосипедистите да користат патека за немоторизирани возила.

Според сообраќајниот полицаец Џијанг Зихао, тој е „нов колега“ способен ефективно да помогне. Роботот е интегриран во градскиот систем за сообраќајни сигнали и може да извршува стандардни гестови на сообраќајни наредби, синхронизирани со светлата.

Со квалитетни камери и интелигентен систем за емитување глас, роботот самостојно ги идентификува прекршоците на пешаците и немоторизираните возила, дава предупредувања на лице место и може да го следи недозволеното паркирање. Тој самостојно се движи до одредени локации и работи непрекинато, што ја намалува оптовареноста на полицијата, особено за време на сообраќајниот метеж или во екстремни временски услови. Минатата година и други кинески градови, како Ченгду и Хангџоу, воведоа роботи-полицајци за патролирање, со цел Кина да ја применува вештачката интелигенција во реалниот живот.

Најнови вести од: Македонија

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

To top