Македонија

(ВИДЕО) Си купил коњ за да се спаси од ,,Безбеден град” но не знае дека …

Ако немате регистрација исто е дали е коњска запрега или возило

На социјалните мрежи се појави видео со граѓанин кој вели дека си купил коњ и поставува реторичко прашање: Сега полицијата што ќе ми прави?

Граѓанинот алудира на акцијата на полицијата во која од сообраќај се елиминираат возила кои не се регистрирани или се на возачи кои се под дејство на алкохол.

Новиот газда на коњ не знае дека доколку не го почитува законот може да му бидат одземени и запрегата и коњот.

Во Македонија е дозволено да се вози коњска запрега но само под одредени услови и не на сите патишта.

Во земјава е легално да се вози коњска запрега (вклучително и коњска приколка/запрежно возило) по јавен пат, но под одредени услови и правила.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата коњската запрега се третира како запрежно возило и е дозволено во сообраќајот на јавни патишта.

Кога може да се вози коњска запрега:

Запрежно возило со коњска запрега, кога сообраќа на јавен пат, задолжително има регистарска таблица која се прицврстува на задниот дел од возилото.

Постојат посебни правила за опрема, осветлување, однесување во сообраќајот како движење по десната страна, давање предност…

Не се споменува забрана за коњски запреги на локални патишта за разлика од автопати, каде важи забрана за бавни возила, запрежни возила и пешаци.

Во пракса се среќаваат коњски запреги во рурални подрачја, села, локални патишта, па дури и понекогаш во помали градови за транспорт на дрва, земјоделски производи и сл.

Забрана за коњски запреги има и на некои градски булевари или зони со ограничување кои зависат од локални одлуки или сообраќајна сигнализација.

Ако возите коњска приколка/запрега по обичен регионален или локален пат – легално е, само треба да ја регистрирате и да ги почитувате правилата за безбедност.

Најнови вести од: Македонија

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е геополитичко обединување на Европа и стратешка инвестиција во постабилен и побезбеден континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Скопје се обратил на конференцијата „Безбедноста во Западен Балкан“, организирана од германскиот институт „Аспен“ (Aspen Institute Germany) во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„КАЖИ НЕ!“ – кампања на МВР против сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор (ВИДЕО)

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај децата, младите, родителите и пошироката јавност за препознавање и спречување на сексуалната злоупотреба во дигиталниот простор

Најнови вести

To top