Македонија

(ВИДЕО) Со помош на светски археолог Скопје добива монументален туристички и историски локалитет

Професорот Драги Митревски е човекот со силен меѓународен авторитет кој истражува неколку глобално важни археолошки наоѓалишта но пред неколку месеци поради лични интреси во делот од МАНУ каде членуваат Таки Фити и Владо Камбовски не успеа да добие поддршка да стане член на македонската академија

Еден од водечките европски авторитети во археологијата професорот Драги Митревски е најдобар доказ дека Македонија не мора да бара странска експертиза и искуство за да добие свои престижни туристички и историски дестинации.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во реалност го преточува сонот на секоја метропола да добие функционално ,,Кале” кое може да биде вистински симбол на градот.

Ѓорѓиевски со помош на професорот Митревски најавува дека за неколку месеци ќе го финализира проектот кој токму професорот го раководеше пред десетина години по што падна во заборав.

,,♥️ Скопското Кале, гордоста на градот!

✅ Чисто, подготвено да ја прераскаже историјата на секој посетител.

⚱️Да го чуваме наследството што нѐ обединува, да се грижиме и како такво да им го оставиме во аманет на идните генерации.

🫵 Следуваат големи проекти”, објави градоначалникот на Скопје со видеото на кое се гледа дека главниот град ќе добие монументална локација за сите свои граѓани но и за сите гости.

Професорот Драги Митревски е човекот со силен меѓународен авторитет кој истражува неколку глобално важни археолошки наоѓалишта но пред неколку месеци поради лични интреси во делот од МАНУ каде членуваат Таки Фити и Владо Камбовски не успеа да добие поддршка да стане член на МАНУ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top