Македонија Бизнис

(Видео): Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива, вели Николоски

Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија претставува дипломатска и историска победа за Македонија, рече Александар Николоски, вицепремиерот на Владата и министер за транспорт и врски, во интервју во „Топ тема“ на Телма. Според него, кога една држава добива кредит тоа значи дека другата страна верува во нејзината способност да се развива и редовно да […]

Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија претставува дипломатска и историска победа за Македонија, рече Александар Николоски, вицепремиерот на Владата и министер за транспорт и врски, во интервју во „Топ тема“ на Телма. Според него, кога една држава добива кредит тоа значи дека другата страна верува во нејзината способност да се развива и редовно да ги сервисира своите обврски. Тој нагласи дека кога се добива поддршка од страна на Велика Британија тоа значи дека имааат доверба во нашата економска стабилност и иднина.

  • „Нема Велика Британија нас да ни дозволи ние да се презадолжиме и да не можеме да ги враќаме обврските. Кога добивате кредит тоа меѓудругото е и доверба на другата страна, значи другата страна има доверба во вас како држава, дека вие имате перформанс и дека ќе се развивате соодветно да може да го враќате тој кредит“, посочи Николоски.

Николоски потенцираше дека многу е значајно што Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива. Тој нагласи дека целта на договорот првично е да се реализираат инфраструктурни проекти во делот на транспортотот и здравството.

  • „За мене е многу значајно дека Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива со темпо коешто може да издржи пет милијарди фунти, доколку одиме со сите пет милијарди фунти потенцијално задолжување. Ние во моментов нема да одиме со повеќе од 2 милијарди фунти вкупно, затоа што и ние правиме свои проекции како би се одвивала целата работа, но се разбира во периодов којшто е пред нас би ги користеле и останатите 3 милијарди фунти за други проекти“, заклучува Николоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците. „Како Директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за […]

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Најнови вести

To top