Македонија Бизнис

(Видео): Во Македонија влегува нова инвестиција од автомобилската индустрија

Македонија станува сигирна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции, изјави премиерот Мицкоски.

Дури 30 милиони евра и нови 300 вработувања ќе отвори инвестицијата од американски „Гентерм“.  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски рече дека се испишува уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Со особено задоволство, како што вели, ја објавувам новата инвестиција на Гемтерм, глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со свој план во процесот за проширување токму овде. Гемтерм со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигирна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции, изјави премиерот Мицкоски.

  • Станува збор за високо интегрирани системи во автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот на ова високо техноложко производство кое докажува дека сме конкурентни на тој пазар, потенцира Мицкоски.

Премиерот упати благодарност до директорот на техничко индустриските зони, Димовски и до министерот за надворешни работи и надворешна политика за заложбите за остварување на оваа инвестиција.

  • Ова не е само утре една инвестиција, ова е двигател на нашата економија, со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, додаде Мицкоски.

Минатата година ја завршивме со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции – над 1 милијарда и 255 милиони евра. Никогаш досега во историјата немало ваков прилив на капитал. Во првите месеци од годината расте индустриското производство, а во мај месец постигнавме историски највисоко ниво последната деценија од 9,4% раст на индустриското производство и тоа не се само зборови, тоа се реални бројки, резултат на довербата што инвеститорите ја имаат во овој нов политички амбиент, додаде Мицкоски.

„Свесен сум дека ќе треба уште еден извесен период ова да се почувствува и во реалната економска моќ на граѓаните, но правиме се тоа да биде што побрзо и тој период да биде што пократок. И тука морам да подвлечам – ова е суштинска разлика од минатото.

Во време кога владите трошеа енергија на корупција, на непотизам и на лажни ветувања, ние градиме реално, отвораме фабрики, носиме инвеститори, креираме иднина. Се бориме за секој инвеститор – домашен и странски. За секоја нова хала, секое ново работно место, секој денар инвестиран овде. Затоа што знаеме – економијата не се води со пароли, туку со проекти, со партнерства и со сигурни инвестиции.

  • Ние продолжуваме храбро, посветено, со работа. Ги поставуваме темелите на нов економски модел – модел во кој инвестициите се движечка сила, а македонскиот граѓанин – срцето на развојот. Gentherm е уште еден доказ дека доаѓа времето на Македонија. Доказ дека ги градиме темелите на промените – за вашето време кое доаѓа“, потенцира Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top