Македонија

(Видео): Заев и СДСМ беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во времето на Зоран Заев и СДСМ, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени, велат од владејачката партија.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да отвори истрага по јавните сведоштва за директно политичко влијание врз правосудниот систем за време на претходната власт. На прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на партијата, обвини дека судството под водство на СДСМ и Зоран Заев функционирало исклучиво по принципот на послушност.

  • „Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени“, истакна Манасиевски.

Тој нагласи дека во тој период наместо правда, на сила биле политички пресметки, а мета биле членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства.

  • „Судските случаи се кроеја по политичка мерка… Наместо владеење на право, имавме владеење на страв. Членови на ВМРО-ДПМНЕ беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства. Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила“, посочи тој.

Како крунски доказ за ваквото функционирање на системот, Манасиевски го посочи неодамнешното јавно сведоштво на поранешниот врховен судија Ристо Катевеновски, поврзано со предметот за Гордана Јанкулоска.

  • „Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор… Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива“, рече членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот од своето обраќање, Манасиевски порача дека оние кои ветувале независно судство создале целосно зависно правосудство и побара итна реакција од надлежните институции.

  • „Денес, клопчето се одмотува. Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.

https://youtu.be/mSOb82DzjBE

Најнови вести од: Македонија

Не е отпуштен ниеден наставник, вработен на неопределено време, иако има 200 паралелки помалку во основното образование, а во средното 100 помалку

Министерката Јаневска очекува годинава природно да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои, како што рече „наводно учат“ од пет до осум деца. Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. […]

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

Најнови вести

To top