Македонија

Видоа провокација во најавата за интонирање на химната во училиштата во Гази Баба

Весникот „Љајм“ прашува „дали е ова следната провокација“ и оти би можело да се сфати како „наметнување врз учениците Албанци“

Screenshot

Весникот на албански јазик „Љајм“ промптно реагираше по најавата од градоначалникот Бобан Стефковски дека секој понеделник во основните училишта во Општина Гази Баба пред почетокот на наставата ќе биде интонирана химната на Македонија со прашање уште во насловот „Дали е ова следната провокација?“.

„Одлуката на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, покрена нови прашања за третманот на учениците Албанци во основните училишта во оваа општина“, пишува „Љајм“. „Во неговото соопштение воопшто не се споменуваат националните симболи на Албанците, вклучувајќи го и нивниот јазик и симболи, иако во некои училишта во општината наставата се одвива на албански јазик. Одлуката, според тоа, го покрена прашањето дали ова е вообичаена мерка за почитување на државните симболи или пристап што би можел да се сфати како наметнување врз учениците Албанци“.

Стефковски во најавата објавена на Фејсбук го објаснува потегот: „Химната не е само песна. Таа е симбол на нашата слобода, државност, историја и на жртвата на генерациите што се бореле за самостојна и независна Македонија“.

„Преку образованието ги градиме знаењето и иднината на децата, но истовремено ги учиме да ја почитуваат својата татковина, нејзините национални симболи и вредностите што нè обединуваат како народ. Љубовта кон Македонија се создава и негува уште од најмала возраст – во семејството, во училиштето и во секојдневниот живот. Со оваа одлука градиме чувство на припадност, заедништво, достоинство и почит кон државата. Нека секој нов почеток на учебната седмица биде исполнет со гордост, почит и љубов кон нашата единствена татковина! МАКЕДОНИЈА Е СÈ ШТО ИМАМЕ!“, додаде тој.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top