Македонија

Викендов на Попова Шапка Алпски куп на најмладите скијачи од Македонија!

По повеќе децении, името на легендарниот скијач Диме Јовановски – Флејта повторно оживува на Попова Шапка. Клубот кој го носи неговото име, а некогаш функционирал и како ски-училиште, повторно е активен и е интегриран во Скијачката Федерација на Македонија. На 31 јануари и 1 февруари 2026 година, Скијачкиот клуб „Диме Флејта“ од Тетово ќе биде домаќин на натпревари за најмладите скијачи од државата. Настанот има за цел да ги собере децата и да ја промовира скијачката култура меѓу најмладите генерации.

Натпреварите ќе се одржат во дисциплините велеслалом и слалом, како дел од Алпскиот куп, и ќе бидат наменети за категориите U8, U10, U12, U14 и U16, во машка и женска конкуренција. Саботата е резервирана за велеслалом, а слаломот ќе се вози во недела, на патеките во Ски центарот Попова Шапка.

Настанот се организира под покровителство на Скијачката Федерација на Македонија, со поддршка на Ски центарот Попова Шапка и Хотел „Резиденс Шара 1810м“. Клубот „Диме Флејта“ е основан уште во 1961 година и низ годините работел и како школа на старото детско одмаралиште на Попова Шапка, каде бројни генерации тетовчани, но и деца од поширокиот регион, ги направиле своите први скијачки чекори.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top