Македонија

Вирусот „Западен Нил“ се шири низ Европа, најмногу во Италија и Грција

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). 

Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во Италија, 311, по што следи Грција со 157. Вкупно 99 европски региони се погодени, додека вирусот е регистриран за прв пат во 21 регион. Во истиот период минатата година, девет европски земји пријавиле инфекции, во вкупно 67 региони.

Повеќето инфекции со вирусот Западен Нил во Европа се јавуваат за време на сезоната на комарци, од пролет до есен, а врвот на преносот е меѓу јули и септември. ECDC повика земјите во Европа да го зајакнат својот капацитет за контрола на комарци, со прекугранична соработка и интегриран пристап што вклучува следење на популациите на комарци, информирање на јавноста и целни мерки за контрола, земајќи го предвид влијанието врз животната средина.

Вирусот Западен Нил прв пат е идентификуван во 1937 година во регионот Западен Нил во Уганда. Повеќето инфекции се асимптоматски или благи, а некои од заразените може да добијат симптоми слични на грип, вклучувајќи тремор и треска. Во тешки случаи, вирусот може да патува низ крвотокот до мозокот и да предизвика менингитис опасен по живот.

Според Светската здравствена организација, не постојат одобрени вакцини за луѓе или специфични третмани за инфекција со вирусот Западен Нил. Во Македонија годинава се потврдени вкупно 43 случаи на западнонилска треска. Досега се починати четири лица.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top