Македонија

Владата ќе стори се да им го олесни животот на семејствата на загинатите и на повредените во дискотеката „Пулс“

Тој додаде дека како Влада се во постојана комуникација и со дел од повредените и семејствата на дел од повредените

Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да го олесниме животот на тие семејства, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за последното барање на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во кое се бара институционална и финансиска поддршка.

Тој додаде дека како Влада се во постојана комуникација и со дел од повредените и семејствата на дел од повредените.

– Се што треба како Влада ќе сториме за да го олесниме нивниот живот и нивното опоравување, рече Мицкоски.

Прашан дали има нешто конкретно околу барањето на родителите на загинатите, кое го доставија минатата недела до него, како и до претседателот на Собранието, Африм Гаши и до претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давковка, премиерот Мицкоски одговори дека таквото барање се уште не е пристигнато до него.

– Јас не сум добил такво барање, разговараме, има повеќе барања, тековно ги решаваме тие барања и ве молам да го задржиме достоинството затоа што се изгубени човечки животи и тоа да се конвертира во пари не би сакал да одговарам на такви прашања, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top