Македонија

Вреди: „Патриотизмот“ на измамничката коалиција Таравари-Села-Ахмети е како празно тенџере: прави многу врева, а внатре нема ништо!

„Народот не е слеп и не пасе трева, ниту им верува на политичките измами, што ги продаваат Арбен Таравари, Али Ахмети и Зијадин Села, а самите не веруваат во она што го зборуваат!“ – предизборна порака од коалицијата Вреди до тројцата челници на „Националната коалиција за интеграција“.

„Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најјасната слика за политичката измама. Тие дури и не веруваат на зборовите, што ги изговараат. Едниот држи митинг без другиот, вториот оди во Арачиново не за да го честита затворањето на каналот, што го реализираше Вреди, туку за да ги продаде истите теми, кои  жителите ги слушаат 20 години. Лаги и измами!“ – соопштуваат од коалицијата Вреди.

Натаму Вреди во својата реакција истакнува: Оваа коалиција се удира по гради за Албанците, но едниот е зафатен со тендерите на „Ѓоко Констракшен“, другиот за да ја спаси својата политичка кариера, а последниот се труди да дојде на власт и да ги спаси членовите на своето семејство. Народот не е слеп и не пасе трева. Кога ги броеше тендерите и привилегиите, на Ахмети не му пречеше никој, дури ниту Груевски, ниту Мијалков.

Денес, без власт, се обидуваат да се претстават како патриоти. Но секоја општина што ја водеа е во хаос. Нивниот патриотизам е како празно тенџере: прави многу врева, а внатре нема ништо. На 19 октомври, Албанците ќе им го дадат заслужениот одговор. – наведува Вреди во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Кос: Многу земји имаат заедничка историја – да се насочиме на иднината

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека „иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно“. „„Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски за Ива Михаилова: Владата не се меша во судењето, бугарски лекари ќе можат да ѝ ја проценат здравствената состојба

Македонија е подготвена да овозможи посета на бугарски медицински специјалисти кои би се запознале со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михаилова, потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој посочи дека случајот има два одделни аспекти – судскиот процес и здравствената состојба на Михајлова.

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

To top