Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски ќе го бетонизира и Влае

Фирмата „Аполо инженеринг“ позната како блиска до Јакимовски, преку процес на приватизација добила државно земјиште во населба Влае

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку фирма блиска до него – „Аполо инженеринг“ – овозможил приватизација на земјиште во населбата Влае, кое било дел од јавна инфраструктура, објави ВМРО-ДПМНЕ.

„Аполо инженеринг“ добила земјиште преку приватизација, меѓу кое и дел од улицата „Есперанто“ пред Кино Влае, што, како што велат од партијата, претставува пример на „узурпирање на јавен простор за личен интерес“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, фирмата во 2016 и 2017 година доставила два геодетски елаборати по донесувањето на Деталниот урбанистички план (ДУП) кој, како што тврдат, бил потпишан лично од Јакимовски и предвидувал изградба на висококатница токму на местото каде подоцна фирмата добила имот.

„Аполо инженеринг“ платила само 285 денари за квадратен метар, или околу 3.500 евра вкупно, што е многу пониско од реалната пазарна вредност на земјиштето во Влае,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат и дека неколку месеци по приватизацијата фирмата го продала истото земјиште на својот сопственик, Јонче Спирковски, за износ од 2.950.000 денари, што, според нив, укажува на „фиктивна зделка со цел профит“.

„Ова е уште еден пример како јавниот интерес се претвора во приватен. Јакимовски ја претвори Општина Карпош во своја приватна фирма, а граѓаните се последни на листата на неговиот интерес,“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

Најнови вести

To top