Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде се Таравари, ДУИ и СДСМ да реагираат на скандалот со водата во Гостивар

Беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност

 

Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ по скандалозната ситуација со водата за пиење и прогласувањето епидемија во Гостивар.

Сомнежи на полицијата: ЈП „Водовод“ и општина Гостивар со три пумпи вбризгувале отпадни води во гостиварскиот водовод и го загрозиле здравјето на граѓаните!

„Подобриот живот и услови за гостиварци станаа најголемата изборна лага и празно слово на хартија, зошто локалната гостиварска владејачка коалиција граѓаните ги оставија без елементарниот услов за живот, чиста и безбедна вода за пиење.

Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност.

Затоа прашуваме, зошто доцни и немавме брза реакција на локалните служби и дали СДС, ДУИ и Таравари сметаат дека овој скандал ќе помине неказнето и без понесување на никаква одговорност?

Од друга страна, лицемерно е однесувањето на СДС за овој сериозен случај, затоа што на чело на партијата го имаат Венко Филипче кому, како министер за здравство, во модуларната во Тетово живи му изгореа 14 лица, а за време на Ковид периодот се случи најголемиот погром во државата, каде илјадници сограѓани ги загубија животите.

Очекуваме целосно расветлување на скандалот во Гостивар и одговорност за тоа што над илјада наши сограѓани, поради труење од несовесното раководење на општинските институции, завршија во болница“ , се вели во соопштението од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Иако локализиран, постои опаснот пожарот на Пелистер пак да пламне

За време на повеќечасовната борба во текот на изминатата ноќ со огнената стихија биле повредени двајца припадници на единиците што учествувале во гаснењето. Според информациите од терен, нивната здравствена состојба е стабилна.

ФЕРОИНВЕСТ со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос на приносот по хектар, така и во однос на квалитетот

To top