Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Катастрофа се случува во СДС, а Филипче слави победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, во очајна потрага по добра вест!

„На последните парламентарни избори во 2024 година, СДС освои 18 пратеници што е најнизок резултат во историјата на таа партија. На локалните избори минатата година СДС се сведе на 130 илјади гласови. Ако трендот продолжи со иста силина, следните избори може да ја донесат бројката под 100 илјади.  Катастрофата веќе се случува кај СДС. А Филипче слави.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму владејачката македонска партија наведува: Лидерот на СДС одлучи да прослави победа на политичка партија на избори во друга земја како дa е негова лична победа. Партијата која победи таму е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ. Она што Филипче избра да не го спомене е дека сестринската партија на СДС на истите тие избори доживеа дебакл.

Дали има некој во СДС капацитет да го сфати сериозно падот на довербата во партијата? Постои реален свет, и наспроти тоа постои Филипче како Алиса во земјата на чудата. Не е ова прв пат да не се во контакт со реалноста: Филипче веќе имаше слична изведба по локалните избори во земјава минатата година, катастрофален пораз прикажан со речник на некоj кој штотуку победил.

Оттука, јавноста има право да знае: колку ќе трае  епизодата на СДС и колку долго ќе ја одржуваат оваа конструкција целосно спротивна на реалноста? До кога СДС ќе продолжи да се однесува како да не ја разбира сопствената политичка позиција и кога конечно планира да ја прифати реалноста дека е опозиција во Македонија?

Наместо СДС да се насочат кон темите дома и да ги размислат причините за нивните резултати, тие слават туѓи изборни процеси кои немаат никаква врска со нив. Немаат намера да дадат одговори на клучни прашања, немаат намера за самокорекција, а очигледно немаат намера ни да се консолидираат, посочув ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка Повод: Британија ги преиспитува односите со ЕУ, зошто Македонија да не ги преиспита своите? Од царинска унија и единствен пазар до секторско поврзување – европската интеграција има повеќе степени, а македонската политика премногу често ја сведува на формулата „уставни измени или застој“ Британската политика повторно […]

По совет на Лаен Мицкоски побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната седмица во Софија

Премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, одговарајќи на новинарско прашање како таа го прифатила неговиот предлог ЕУ да се вклучи во разговорите на Македонија со Бугарија, рече дека го советувала како прв чекор да се побара официјална билатерална средба за време на посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Софија следната седмица.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти наидува и на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Министерот Велковски го отвори новиот Центар за лица со попреченост во Кочани

Новиот Центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост е сместен во Комплексот „АСНОМ“ во простории кои претходно беа руинирани и напуштени. Општината комплетно ги реновираше

Најнови вести

To top