Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Небулозно е СДСМ да говори за странски инвестиции кога народот го оставија со 150 денари на ден

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата од потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, за пад на странските инвестиции и економски колапс на државата. -По 7 години владеење на СДС системот беше руиниран, институциите нефункционални а буџетската каса опустошена. СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на […]

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата од потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, за пад на странските инвестиции и економски колапс на државата.

-По 7 години владеење на СДС системот беше руиниран, институциите нефункционални а буџетската каса опустошена. СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Во реакцијата се наведува дека СДСМ го оставиле народот со празни џебови на раб на сиромаштија

-600 000 наши сограѓани живееа со помалку од 150 денари на ден додека блиските и врхушката на СДС профитираа брз грбот на граѓаните и ги прошируваа фамилијарните бизниси.

Апсурд е СДС денес да говори за економија, бидејќи тие се истите кои го уништија животниот стандард, кои инфлацијата ја донесоа над 20%, кои го задолжија народот – јавниот долг во нивно време беше 65% од БДП.

Лицемерно е СДС да говори за инвестиции и економија кога во нивно време државата дојде на раб на банкрот, платите доцнеа или не се исплаќаа со месеци за разлика од денес кога платите се добиваат на време, а Македонија е 4-та економија во Европа.

Денес имаме рекордни странски директни инвестиции од 1,2 милијарди евра. Се градат автопати, општините и бизнисите имаат поддршка над 500 милиони евра, се отвораат нови фабрики и нови работни места.

Истовремено Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пензиите ги зголеми за 5 000 денари, зголемени плати во образование, здравство, МВР.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top