Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од која грчка плажа Филипче објавува ФБ-статуси?

Каде е Венко Филипче?. Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според соопштението од владејачката партија, Филипче од 10 мај година ја напуштил Македонија и заминал во Грција. „Дали е точно дека тој всушност пишува фб статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за […]

Каде е Венко Филипче?.

Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според соопштението од владејачката партија, Филипче од 10 мај година ја напуштил Македонија и заминал во Грција.

„Дали е точно дека тој всушност пишува фб статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи?

Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза?

Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев?

Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче.

Срамно е што на неговата фејсбук страна објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога сета по песочните плажи и ужива во украдените пари.

СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени.“

To top