Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката во врвот на СДС преминува во политичка хистерија

Начинот на кој почнаа да се однесуваат функционерите на СДС сè повеќе наликува на секта

Начинот на кој почнаа да се однесуваат функционерите на СДС сè повеќе наликува на секта, а не на политичка партија,велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Исти фрази, исти напади, исти координирани настапи и очајнички обиди да се создаде вештачка атмосфера на хаос во јавноста. Кога една политичка структура ќе почне да функционира како затворен круг кој живее од сопствени заблуди и постојано ги повторува истите конструкции, тогаш станува јасно дека проблемот одамна не е политички, туку многу подлабок!

Жал ни е што се однесуваат како секта и сериозно сме загрижени за психичката вознемиреност која очигледно владее во врвот на СДС. Наместо аргументи, наместо политика, наместо барем минимална рационалност од нивните прес-конференции излегува нервоза, паника и очај.

Стравот од сопствениот политички крај и одговорноста за пустошот што го оставија зад себе, ги тера да се движат низ темните ходници на тешките политички и психички трауми. Затоа реагираат нервозно, затоа врескаат на прес-конференции и затоа очајно се обидуваат секоја трагедија да ја претворат во политички циркус.

Ги повикуваме да застанат.

Да се преиспитаат.

Да ги анализираат сопствените потези.

Ако барем малку се погледнат од страна, ќе сфатат дека ова што го прават не е политика, туку симптом на сериозна политичка и психолошка криза.

Од почит кон јавноста и одговорноста кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ целосно ги негира и отфрла овие очајни и бесрамни обиди трагедиите да се злоупотребуваат за дневнополитички напади.

Македонија заслужува сериозна политика, а не политичка хистерија и очајни настапи од една партија која очигледно не може да се помири со сопствениот пораз, велеат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

To top