Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Стабилен економски раст и зголемени плати

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопштија дека економските политики на Владата даваат резултати и дека животниот стандард на граѓаните бележи континуирано подобрување.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопштија дека економските политики на Владата даваат резултати и дека животниот стандард на граѓаните бележи континуирано подобрување.

Според партијата, македонската економија остварува стабилен раст веќе седум квартали по ред, со раст на бруто-домашниот производ од 3%, што претставува показател дека земјата се движи во позитивна насока.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека резултатите од владините политики се видливи преку зголемувањето на платите во повеќе сектори, меѓу кои образованието, здравството, полицијата и одбраната.

„Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, што претставува зголемување од 19,6 проценти. Дури и кога ќе се земе предвид растот на цените, реалната куповна моќ на граѓаните е значително зголемена, односно платите растат побрзо од инфлацијата“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата посочуваат дека позитивните економски показатели не се ограничени само на одредени области, туку дека раст е забележан и во секторите информации и комуникации, транспорт, рударство, недвижности и други дејности.

Според ВМРО-ДПМНЕ, стабилизирањето на инфлацијата, растот на економијата и зголемувањето на платите се потврда дека економските политики даваат резултати, при што најавуваат продолжување на мерките за постигнување уште подобри економски показатели во иднина.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Уште во 2023 претходната влада на СДСМ и ДУИ стапила во деловни односи со „Алта банка“ – Белград и Давор Мацура од Србија, дозволувајќи им влез во РМ

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

To top