Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Времето на заштита на Филипче и Заев заврши

ВМРО-ДПМНЕ најавува систем без недопирливи

ВМРО-ДПМНЕ порача дека времето на СДСМ и на ДУИ заврши и дека така треба да заврши и заштитата на Венко Филипче, Зоран Заев и другите од нивните инсталации во правосудството.

Според партијата, јавноста со години е сведок како правосудството, кое самото себе се доведе до само 2 отсто доверба, не постапува еднакво кон сите.

„За едни, со тешки криминални дела и скандали, како Венко Филипче за модуларните, е заштитник, а други експресно ги гони и суди и за мали прекршоци. Едни од заштитените од правосудните органи, несомнено, се корумпираните и криминални структури во СДСМ и ДУИ, како што Венко Филипче, Зоран Заев, роднините на Али Ахмети и такви како нив. Секогаш кога трагите за криминалот водат кон политички и бизнис структури поврзани со СДСМ и ДУИ, се активираат нивните инсталации во правосудството и правдата стои во место, истраги нема, обвиненија паѓаат, се укинуваат пресуди“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата посочува дека не може за трагедијата со 14 жртви во модуларната болница во Тетово да нема виновници, за случајот Ласкарци со 16 жртви да се укине пресудата, а за случајот Мазут тежок 167 милиони евра да нема ниту истрага.

„Тоа не е правдата која граѓаните ја бараат и очекуваат, тоа е правда која штити поединци. На инсталираните и мал дел од корумпирани судии и обвинители, кои во време на власт на СДСМ и ДУИ работеа по принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето блиски до овие партии секогаш да имаат изговор, одложување или заштита, треба да им е јасно дека нивното време одамна заврши. Македонија заслужува независно и професионално судство и обвинителство, а не политички бастион во кој одлуките зависат од партиските и бизнис интереси на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за систем во кој нема недопирливи, нема привилегирани и нема да заштитени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Правда и одговорност мора да има, додава партијата.

Најнови вести од: Македонија

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Најнови вести

To top