Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче ја суспендирале за да не заврши половина влада на СДС во затвор

Лејла Кадриу поранешна обвинителка сведочи дека ја суспендирале бидејќи пола влада на СДС ќе завршела во затвор во врска со истрагата за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани

Венко Филипче како екс министер за здравство, имаше сериозни неуспеси освен неуспехот со справувањето со пандемијата мандатот го обелажаа и скандали како Онкологија и трагичниот инцидент во модуларната болница во Тетово.

Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат подобрени и побезбедни услови во здравството, тие ги заобиколувале законите и процедурите со единствена цел  да се заштитат себеси и да профитираат на сметка на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче и Зоран Заев наместо одговорност, транспарентност и грижа за човечките животи, носеле одлуки по итна постапка и правеле сомнителни зделки.

Лејла Кадриу поранешна обвинителка сведочи дека ја суспендирале бидејќи пола влада на СДС ќе завршела во затвор во врска со истрагата за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани.

Според Кадриу, пред поставувањето на модуларните болници биле направени законски измени по итна постапка, со што овие објекти биле третирани како урбана опрема. На тој начин, наместо да се применуваат построги стандарди за градба, одобрувањето било олеснето и концентрирано во рацете на Министерството за здравство, тогаш предводено од Венко Филипче, во време на Владата предводена од Зоран Заев.

Кадриу посочува дека наместо квалитетни и огноотпорни материјали, биле користени несоодветни панели, како и дека немало соодветен елаборат за електрична инсталација, што според неа придонело за трагичниот исход. Дополнително, се отвора прашањето за вкупните средства предвидени за модуларните болници и нивната реална потрошувачка.

Целата ситуација можело да доведе и до поголема експлозија и повеќе човечки жртви бидејќи објектот  бил поставен директно над резервоар на бензиска пумпа.

Кадриу наведува дека клучниот момент за нејзината суспензија бил кога побарала градежно вештачење, по што, како што тврди, била отстранета од предметот. Според нејзиното сведоштво, доколку истрагата продолжела без притисоци, одговорноста можела да достигне до највисоките владини структури и пола влада на СДС ќе завршела во затвор.

Овој случај отвора сериозни прашања за транспарентноста, одговорноста и независноста на правосудниот систем. Јавноста има право на целосна вистина и институционална одговорност за трагедијата што ја потресе државата.

Бараме темелна, независна и непристрасна истрага, како и целосно расчистување на сите сомнежи поврзани со овој случај. Одговорност мора да има, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Весникот „Илинден“, гласникот на Македонците во Албанија – петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

„Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и културата и мост што ги поврзува генерациите и дијаспората низ светот. На 1 март 2011 година Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана го издаде првиот број на својот весник ‘Илинден’. Тој прв број, објавен како двоен (март/април), беше симболичен почеток на една медиумска приказна, која денес, петнаесет години подоцна, има 71 издание. Во текот на овие години, весникот не само што обезбеди континуитет и посветеност туку и изгради мостови меѓу заедниците – од Македонците во Албанија, преку читателите во татковината Македонија, па сè до дијаспората низ светот. Секое издание претставува сведоштво за една борба за видливост, за зачувување на јазикот и културата и за афирмација на македонскиот идентитет во услови на постојани предизвици.“ – пишува во статијата, која ја објави денес дневниот весник „Нова Македонија“.

Потпишан договор за изградба на паркинзи во Клиничкиот комплекс – Во првата фаза до втората половина на 2027 најмалку 500 паркинг-места

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички. Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни лица, ќе се овозможи и тоа.

Се возобновува Средното полициско училиште, ќе се запишат 200 ученици! – На 1.7.2026 јавен повик за прием на ученици

Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

Протест на ОМД кон Бугарија: Ако е закана Менкиноски, кој ги брани правата на Македонците пред ЕСЧК, тогаш сите сме закана!

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон, САД, изразува сериозна загриженост и протест поради одлуката на бугарските власти со која на адвокатот Тони Менкиноски му се изрекува 10-годишна забрана за влез во Бугарија.

Амбициозна најава на Трајановски: По нов асфалт од Извор преку Пресека до Врбјани – пред Велигден!

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, КоцеТрајановски најави дека планира да се вози по нов асфалт пред велигденските празници од селото Извор преку превојот Пресека.

Тошковски: Борбата против криминалот и корупцијата се води неселективно, законот важи за сите – Институциите постапуваат врз основа на докази

Осврнувајќи се на повеќе актуелни безбедносни прашања, во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа телевизија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја нагласи решителноста на институциите во борбата против криминалот и корупцијата, како и потребата доследно да се почитува владеењето на правото.

Македонски државјанин пукал вчера од автомобил кон група луѓе во Егл, Швајцарија – по филмска потера уапсен!

По тежок оружен инцидент, кој се случил вчера, на 5 март 2026 година, државјанин на Македонија бил уапсен во Швајцарија. Според полициските информации, 34-годишниот осомничен, од автомобил пукал кон група луѓе. Потоа уследила вистинска драма низ улиците. Настанот се случил околу 13 часот во индустриската зона на градот Егл. Првичните информации од надлежните укажуваат дека мотивот за пукањето е претходна меѓусебна расправија. Притоа немало повредени лица.

Најнови вести

To top