Македонија

Внимавајте во подем се хакерски напади врз Gmail адресите

„Гугл“ потврди значителен пораст на нападите врз „Џимејл“ сметки, при што хакерите се обидуваат да украдат лозинки и да добијат неовластен пристап до корисничките профили.

commons.wikimedia.org/wiki/File:Gmail_icon_(2020).svg

„Гугл“ потврди значителен пораст на нападите врз „Џимејл“ сметки, при што хакерите се обидуваат да украдат лозинки и да добијат неовластен пристап до корисничките профили. Ова резултира со зголемен број на известувања од „Гугл“ за спречени сомнителни обиди за најава, кои се испраќаат до корисниците кога е блокиран неовластен пристап.

Сепак, хакерите ги злоупотребуваат овие предупредувања како мамка за измама.

  • Хакерите често имитираат официјални известувања од „Гугл“ за да ги наведат корисниците да ги откријат своите податоци и да им овозможат пристап до нивните сметки, предупредуваат од „Гугл“.

Што да направите ако добиете предупредување?

Експертите препорачуваат:

  • Не кликајте на линкови или копчиња во ваквите пораки.

  • Наместо тоа, рачно пристапете до вашата сметка преку официјалната страница на „Гугл“.

  • Во менито од лево изберете „Security“, а потоа во делот „Recent security events“ проверете ги сите сомнителни активности.

  • Ако забележите најава од непознат уред, локација или време, кликнете на „Secure your account“ и веднаш променете ја лозинката.

Ризик од лажни веб-страници

Доколку кликнете на линк од лажна порака, може да бидете пренасочени кон фалсификувана страница за најава. Со внесување на вашето корисничко име и лозинка, хакерите добиваат пристап до вашата „Џимејл“ сметка и сите податоци во неа.

Лажните пораки стануваат сè потешки за препознавање. Слична тактика беше забележана и во неодамнешните измами со лажни пораки за рефундација од „Амазон“, каде корисниците добиваа линкови за наводен поврат на пари, а всушност им се крадеа лозинките.

Заштита со автентикација во два чекори

За да се заштитите:

  • Никогаш не отворајте линкови од е-пошта или СМС-пораки.

  • Активирајте клучеви за лозинки и користете двофакторна автентикација без СМС, за поголема безбедност.

Нова закана: Лажни говорни пораки

Безбедносните експерти открија нов тип на напад – е-пошта со лажно известување за „нова говорна порака“, кое содржи копче „Listen to Voicemail“. Кликнувањето на овој линк ве води до напредна фишинг-страница која собира:

  • Примарни е-адреси и лозинки;

  • Кодови за СМС и гласовна верификација;

  • „Гугл“ токени за автентикација;

  • Резервни кодови за ресетирање на лозинки;

  • Алтернативни е-адреси;

  • Одговори на безбедносни прашања.

Последици и превенција

Преземањето на сметката може да има сериозни последици, а враќањето на контролата може да биде долготрајно. Хакерите можат да ја украдат содржината на сметката за само неколку

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top