Свет

Три кинески технолошки компании стојат зад глобалните хакерски напади во Европа

Бизнисите и организациите во Велика Британија кои работат во критични сектори добија предупредување да се заштитат од кинески хакери, откако три кинески технолошки компании беа обвинети за учество во глобални кибернапади.

Бизнисите и организациите во Велика Британија кои работат во критични сектори добија предупредување да се заштитат од кинески хакери, откако три кинески технолошки компании беа обвинети за учество во глобални кибернапади.

Националниот центар за кибербезбедност (NCSC), дел од британската разузнавачка агенција GCHQ, заедно со безбедносни институции од 13 земји, издаде предупредувања дека организациите во клучни сектори треба активно да ги следат активностите на кинеските хакери и да ги отстранат безбедносните слабости.

Според властите, напаѓачите зад кампањата насочена кон странски влади и критични услуги, вклучително телекомуникациите, искористиле познати пропусти, наместо да користат малициозен софтвер или неоткриени слабости.

Во денешното безбедносно известување беа именувани три кинески технолошки компании за кои се тврди дека соработуваат со кинеската државна разузнавачка служба, пренесува ДПА.

Овие компании се поврзани со глобални киберактивности од 2021 година, насочени кон влади, телекомуникациски мрежи, транспортна и воена инфраструктура, вклучително и активности во Велика Британија.

Меѓу нападите е и кампањата позната како Salt Typhoon, за која американските власти тврдат дека му овозможила на Пекинг пристап до приватни пораки и телефонски разговори на непознат број Американци.

Ричард Хорн, главен извршен директор на NCSC, изјави:

„Сериозно сме загрижени за неодговорното однесување на именуваните кинески комерцијални субјекти, кои овозможија неконтролирана кампања на злонамерни киберактивности на глобално ниво“, рече Хорн.

„Организациите во критичните сектори мора да го земат предвид ова меѓународно предупредување за заканата од кибер-актерите, кои ги искористуваат познатите и поправливи пропусти“, додаде тој.

Тој нагласи дека во услови на софистицирани закани, мрежите мора проактивно да бараат знаци на малициозна активност, да применуваат препорачани мерки за заштита и редовно да ги проверуваат мрежните дневници за невообичаени активности.

Предупредувањето беше издадено од 13 земји, меѓу кои Австралија, Канада, Нов Зеланд, САД, Велика Британија, Јапонија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Финска и Естонија.

Ова заедничко соопштение ја истакнува сериозноста на заканата и потребата од меѓународна соработка во борбата против кибернападите.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top