Македонија

Во четврток завршува огласот за 400 пожарникари

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој ги повика сите заинтересирани кандидати да се пријават најдоцна до четврток во локалните Центри за вработување, каде што треба да ги пополнат потребните документи. […]

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој ги повика сите заинтересирани кандидати да се пријават најдоцна до четврток во локалните Центри за вработување, каде што треба да ги пополнат потребните документи.

– Ги повикувам сите заинтересирани најдоцна до четврток да поднесат апликација до локалниот центар за вработување во кој било град од државата. Таму ќе ги пополнат потребните документи, но важно е да носат медицинска потврда од надлежен доктор со која се потврдува дека не боледуваат од тешки болести кои што би им пречеле во извршувањето на оваа исклучително одговорна задача, рече Ангелов и појасни дека кандидатите нема потреба да носат други документи.

Најдобрите од нив, особено, како што рече, оние кои што гравитираат во Скопје и околината, ќе имаат можност да конкурираат и да бидат дел од новата специјална единица за заштита и спасување, која што е во фаза на формирање.

Ќе ги избереме најдобрите од оние лица кои што ќе покажат интерес и ќе бидат примени како професионални пожарникари во локалните територијални противпожарни единици. Најдобрите од нив, особено оние кои што гравитираат во Скопје и околината ќе имаат можност да конкурираат, а потоа и да бидат примени во новата специјална единица за заштита и спасување која што е во фаза на формирање, посочи Ангелов.

Прашан колку кандидати се досега пријавени, директорот на ДЗС рече дека нема детални податоци во овој момент, но посочи дека за Скопје се бараат 80 пожарникари, а локалниот Центар за вработување појасни дека е во Општина Кисела Вода. Со оваа мерка, додаде, биле опфатени 14 општини, од кои, рече, според информациите кои ги има само една општина не аплицирала. Во врска со тоа колкав број лица ќе бидат ангажирани во општините, Ангелов рече дека тоа зависи од општина до општина.

– Овие информации ги имате во евиденцијата за вработување, но како и да е, постои голем интерес кај граѓаните за оваа владина мерка, со тоа што се појавија одредени нејаснотии каде граѓаните да аплицираат. Токму затоа ги повикувам сите заинтересирани граѓани за оваа владина мерка, да се пријават во локалниот Центар за вработување, во оние градови во коишто тоа го има или во некое од соседните места, ако во нивното место нема центар за вработување, појасни Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

Најнови вести

To top