Македонија

Во Македонија нема од спорните кашички за бебиња од „Хип“

Од Агенцијата посочуваат дека состојбата се следи и дека ќе се реагира навремено доколку се појави потреба.

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека досега нема добиено известување преку европскиот Систем за брзо предупредување за небезбедни производи дека на домашниот пазар е присутна небезбедна храна за бебиња од брендот HiPP, која во моментов се повлекува и е предмет на истрага во Австрија и во други европски земји.

Станува збор за производ во стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир. Од Агенцијата посочуваат дека состојбата се следи и дека ќе се реагира навремено доколку се појави потреба.

Воедно, од овластениот дистрибутер на производите на HiPP во земјава е добиено писмено известување дека спорниот производ воопшто не е увезен и не е пласиран на македонскиот пазар.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top