Македонија

Во Македонија се дискриминира за сѐ, најмногу по национална и етничка основа

Најмногу со навределиви зборови за Албанците, Ромите, но и за Македонците

Дерогативните називи за Албанците и Ромите, но и за Македонците се најчестата причина за дискриминација во првите шест месеци од годинава. Или користењето на таквите погрдни зборови, дискриманација при вработување, платата или во пристапот до услуги поради национална или етничка припадност, најчесто биле пријавувани до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Од јануари до јули стигнале дури 208 претставки по 22 основи, а во 32 случаи се утврдило дека имало дискриминација.

Една четвртина од вкупните претставки биле токму за дискриминација од националната или етничката припадност. Се дискриминарало и за политичко уверување, за образование и за верското уверување, па дури и навреди за здраствена состојба.

– „Потоа следат пријавите врз основа на:
лично својство и општествен статус – 36 претставки или 17%;
политичко уверување – 26 претставки или 13%;
образование – 20 претставки или 10%;
попреченост – 15 претставки или 7%;
пол – 13 претставки или 6%;
припадност на маргинализирана група – 13 претставки или 6%;
религија или верско уверување – 13 претставки или 6%;
здравствена состојба – 13 претставки или 6%“ велат од Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Имало и пријави за дискриминација по основа на јазик, социјално потекло, боја на кожа, раса, род, родов интентитет, па и сексуална ориентација, но тие се најмалку. Општо и генерално за сите дискриминацијата се случувала на работните места. На работа се случиле 97 од вкупно поднесените 208 претставки, или 47%.

Потоа следат пријавите во областа на:

јавно информирање и медиуми – 25 претставки или 12%;
образование, наука и спорт – 21 претставка или 10%;
пристап до добра и услуги – 18 претставки или 9%;
социјална сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита – 16 претставки или 8%;
правосудство и управа – 14 претставки или 7%.

Според Комисијата, нема драстична промена во бројот на пријавите за првите шест месеци спроредено со минатите години. 7 проценти помалку пријави стигнале годинива за разлика од јануари до јули лани.

„Во претходниот тригодишен период, бројката на добиени претставки во првите шест месеци била: 164 во 2023 година, 213 во 2024 година, 224 во 2025 година, 208 во тековната 2026 година“ стои во одговорот од Комисијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top