Македонија Бизнис

Во Македонија влегува милионска инвестиција од фармацевтската индустрија

Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 работни места, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба. Во одговор на новинарско прашање поврзано со […]

Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 работни места, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали земјава работи на изнаоѓање странски инвестиции, Мицкоски нагласи дека еден од главните приоритети на Владата се странските инвестиции.

  • Приоритет на оваа Влада се инвестиции и отворање нови работни места, а можам да кажам дека веќе имаме потврда од швајцарска фармацевтска компанија „Ронтис“, која што ќе инвестира во Македонија неколку десетици милиони евра за повеќе од 500 вработени, добро платени вработени, тоа е само низа од убавите вести за македонските граѓани кои што ги соопштуваме изминатиов период, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

To top