Македонија

Во Охрид се собра експертска елита за ризици и осигурување

Област која во Македонија има огромен потенцијал за напредок

 

Во заедничка организација на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, катедрата за осигурување, при Универзитетот Св. Климент Охридски, Битола и академската организација Eastern European Risk Insurance Association (eeria.org) се одржа летната школа во периодот од 7-ми до 11-ти Јули во просториите на Факултетот во Охрид.

EERIA основана е во 2021 година во Охрид по иницијатива на група професори на катедрата за осигурување од Факултетот за туризам и угостителство, со цел да промовира научно истражување од областа на ризикот и осигурувањето, со посебен фокус на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Мисијата на EERIA е да поттикнува заеднички интереси меѓу академиците и практичарите, да олеснува можности за професионална интеракција меѓу академиците, практичарите и студентите и да го промовира развојот и разбирањето и на основните и применетите истражувања, како и на здравите финансиски практики.

 

За таа цел се организира летна школа како интензивна и интерактивна петдневна програма која помага во разбирањето и совладувањето на моделите на осигурителен бизнис што се потребни за да постигне револуционерно влијание врз осигурителните субјекти, регулаторните тела и екосистемите. Програмата го истражува секое прашање преку употреба на студии на случај од реалниот свет и отворена дискусија со гости предавачи кои доаѓаат од супервизија, индустрија и академија.

 

 

При тоа централен фокус претставуваат актуелните прашања во однос на:

 

· намалување на т.н. зашитен јаз со јакнење на улогата на осигурувањето во справувањето со климатските промени

 

· улогата на осигурувањето во остварувањето на милениумските цели на ОН за одржливост со посебен акцент на имплементација на ЕСГ принципи во работењето

 

· дигитализација на осигурителната индустрија

 

· потребата од примена на ЕУ регулативата во областа на осигурувањето, со посебен акцент на имплементација на директивата Солвентност 2

 

· улогата на осигурителните посредници во развојот на осигурувањето

 

· разбирање на бизнис моделот на функционирање на осигурувањето и како се одредуваат цените во осигурувањето

 

Организаторите се посебно горди на изборот на врвни предавачи со голем меѓународен углед како што се:

 

· Професор Karel Van Hulle – бивш комисионер на ЕК задолжен за секторот осигурувње и професор на престижниот KU, Lueven, Belgium, кој се смета за креатор на најголемата законска реформа во областа на осигурувањето во ЕУ со воцведување на директивата Солвентност 2

 

· Peter Braumuller – директор на Австрискиот регулатор за осигурување и бивш Претседател на International Association of Insurance Supervisors и потпреседател на Euopean Insurance Occupaion Pension Authority. Исто така, е познат професор на неколку катедри во Универзитети во Австрија.

 

· Nic De Maesschalck – генерален директор на The European Federation of Insurance Intermediaries

 

· Gorazd Cibej – Претседател на Агензија за супервизија на осигурување на Словенија и извршен член на одбор на директори на International Association of Insurance Supervisors, одговорен координатор на регулаторните тела за регионот на Central and Eastern Europe and the Caucasus

 

· Klaus Driever – сениор менаџер на најголемата глобална осигурителна компанија Allianz

 

· и уште неколку други врвни предавачи

На летната школа учествувале 35 претставници од регулаторни тела, друштва за осигурувања и осигурителни брокерски друштва од земјите на Центална Источна и Југоисточна Европа.

 

 

Организатори на престижната школа се Проф. Климе Попоски,  втор човек на Eastern European Risk Insurance Association и професорот Бојан Србиноски,  катедра за осигурување ФТУ,  Генералнен Секретар на Eastern European Risk Insurance Association.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top