Македонија

Во пресрет на Милано Кортина 2026, “Самсунг Куќата“(Samsung House) официјално отворена во срцето на Милано

Во срцето на Милано, “Самсунг“ (Samsung), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, официјално отвори “Самсунг Куќа“ (“Samsung House”) во историската палата Сербелони (Palazzo Serbelloni)1 – нов центар за спортистите, медиумите и партнерите во текот на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри Милано Кортина 2026.

Во срцето на Милано, “Самсунг“ (Samsung), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, официјално отвори “Самсунг Куќа“ (“Samsung House”) во историската палата Сербелони (Palazzo Serbelloni)1 – нов центар за спортистите, медиумите и партнерите во текот на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри Милано Кортина 2026.

Свечената церемонија која се одржа на 4 февруари, официјално го обележа отворањето на “Samsung“ Куќата со сечење на лента, а на настанот обраќање имаа истакнати гости, меѓу кои: Ан-Софи Вумар (Anne-Sophie Voumard), Директорка на Телевизиските и Маркетинг услуги на ИОК, Андреа Варние (Andrea Varnier), Извршен Директор на Милано Кортина 2026, како и претставници од регионот Ломбардија и Град Милано.

На церемонијата присуствуваа и претставници на “Samsung”. Воведно обраќање имаше Стефани Чои (Stephanie Choi), Извршен Потпретседател и Раководител на Центарот за мобилен маркетинг, Бизнис за Мобилно Искуство (Mobile eXperience – MX) во “Samsung Electronics“, додека Мауро Порчини (Mauro Porcini), Претседател и Главен директор за дизајн, се приклучи како дел од делегацијата на “Samsung“.

Настанот по повод свеченото отворање вклучуваше и перформанси во живо, како и специјално креирано миланско мени, подготвено од италијанскиот шеф со Мишелин ѕвезди, Енрико Бартолини (Enrico Bartolini).

“Samsung“ Куќата го отелотворува верувањето на “Samsung” дека отвореноста ги зближува луѓето и прикажува како технологијата на брендот овозможува поповрзано Олимписко и Параолимписко искуство, не само на Милано Кортина 2026, туку и низ целата негова 30 годишна историја како светски партнер. Просторот во “Samsung“ Куќата е дизајниран од “Balich Wonder Studio”, предводена од Марко Балич (Marco Balich), Креативниот Директор на Церемонијата за отворање на Милано Кортина 2026. Дизајнот на просторот е во ритамот на Зимските Олимписки Игри и не функционира како самостојна изложба, туку ја доловува атмосферата на церемонијата на отворање и ја пренесува на посетителите. Просторот содржи зони кои се дизајнирани да го истакнат наследството на “Samsung“ во иновациите и да поттикнат значајни поврзувања.

 

“Samsung“ Куќата ќе биде отворена во текот на Зимските Олимписки Игри, до 22 февруари 2026 година, по што повторно ќе се отвори за време на Зимските Параолимписки Игри, во период од 6 до 15 март 2026 година.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри

“Samsung” е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на “Samsung” за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на “Samsung” во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.

 

За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри

“Samsung” е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на “Samsung”. Посветеноста на “Samsung” кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

To top