Македонија

Во Штип прв натревар во пливање во затворениот базен

Шеесет млади натпреварувачи учествуваа во Градскиот пливачки натпревар „Штип 2026“, кој се одржа во новоотворениот затворен базен

Шеесет млади натпреварувачи учествуваа во Градскиот пливачки натпревар „Штип 2026“, кој се одржа во новоотворениот затворен базен. Ване Маневски, кој е дел од организацијата на натпреварот, вели дека денешниот натпревар е од исклучителна важност за развојот на пливачките спортови, бидејќи по долг период на стагнација на пливачкиот спорт во Штип – пред сè поради долгогодишниот недостиг на соодветна инфраструктура и услови – локалните клубови конечно го покренаа овој спорт од „мртва точка“.

– Преку овој настан, јавноста  имаше можност да ги види првите реални резултати, напредокот и дисциплината на децата кои за само неколку месеци ја совладаа оваа благородна вештина-вели Маневски.

Учесниците во натпреварот беа поделени во две возрасни категории (машка и женска конкуренција): категорија А: деца од 6 до 10 години (родени јуни 2017 – јуни 2020) кои пливаа во дисциплината 25 метри (1 должина) и категорија Б: деца од 11 до 14 години (родени јуни 2014 – јуни 2017), кои пливаа во дисциплината 50 метри (2 должини).

Овој натпревар е во организација на Пливачкиот ватерполо клуб (ПВК) „ВИДРА“ Штип, во соработка со ВК „8-ми Ноември Мастерс“ Штип.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top