Македонија

Во скопски Аеродром лани продаден стан за 3.784 евра квадрат

Најскапата куќа продадена во Општина Центар и чинела 1.5 милиони евра, додека најскап деловен простор е продаден во Центар за 6.8 милиони евра

Скопските општини Карпош и Аеродром се  топ трите општини со најскап станбен квадрат

Во Карпош просечната цена на станови изнесува 1.558 евра за квадрат, додека во Аеродром е 1.419 евра.

Најмногу трансакции се реализирани во Центар 2.414, во Аеродром 1.963, а во Карпош 1.791 трансакции.

Највисоката цена за стан по метар квадратен е постигната во Аеродром, каде достигнала 3.784 евра за квадрат, а станот е продаден за 166.500 евра.

Најскапата куќа е во Општина Центар и чинела 1.5 милиони евра.

Најскап деловен простор е продаден во Општина Центар за 6.8 милиони евра.

Извештајот на Катастар нотира дека пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирани трансакции, што претставува раст од 7,6 % во споредба со 2024 година.

Зголемен е и бројот на купопродажби, регистрирани се 23.470 трансакции, што е раст од 4 %, евидентирани се 9.911 закупи, што е зголемување за 17 %, додека вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарди евра, што е раст од 12,9 % во споредба со 2024 година.

Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и во текот на минатата година со 33 % во вкупниот број на купопродажби и дури 48 % од вкупната вредност на пазарот.

Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9 %, нивната вредност пораснала за 10,8 %.

Земјоделското земјиште и шумите учествува со 31 % во вкупниот број на купопродажби, додека градежното земјиште со 14 % бележи значителен раст на купопродажната вредност од 36 %, во споредба со претходната година.

Куќите учествуваат со 13 % во вкупниот број на купопродажби. Забележан е раст на купопродажната вредност во споредба со претходната година од 37 насто.

Над 3.000 евра за квадрат метар стан во Центар

 

Најнови вести од: Македонија

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

ВМРО ДПМНЕ: ЈО да ги провери наводите на Филипче за криминал од 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Славјанка Петровска!

„Венко Филипче се огласи со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска. Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ од 3.10.1943 – еден од најважните документи во македонската национална и политичка историја

„Македонски народе! Македонци и Македонки! Браќа и сестри на нашата поробена, ама никога непокорена татковина! Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја – ослободуењето на Македонија. “  – стои во Манифестот на АСНОМ на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој му е упатен на македонскиот народ на денешен ден, на 3 октомври 1943 од борбените позиции кај селото Црвена Вода на Караорман планина, во историската Дебрца. Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 3 октомври 1943 година е првиот стратешки и програмски документ упатен директно до македонскиот народ во текот на Втората светска војна. По своето историско значење, тој се смета за рамноправен со Крушевскиот манифест од 1903 година, бидејќи ја постави цврстата платформа за идната македонска државност.

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Најнови вести

To top